Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Завршува изградбата на првата фаза на пешачката патека во општина Карбинци

Со асфалтирање на пешачката патека меѓу селата Таринци и Карбинци заврши проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со асфалтирање на пешачката патека меѓу селата Таринци и Карбинци заврши проектот кој безбедно ќе ги поврзува жителите на двете села. Пешачката патека е во должина од 1,5 километри. Градоначалкникот на општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција истакна дека пешачката патека е долж регионалниот пат, кој води до планината Плачковица. 

-Се работи за проект кој што е еден од поважните за нас во овој период, го работевме неколку месеци, а очекувам некаде понеделник-вторник најдоцна да биде  целосно завршен со оваа фаза асфалтирање. ​Со тоа што за граѓаните од овие населени места ќе имаат можност за рекреација, можност за безбедно движење од овие две населени места. Се работи за пешачка патека 1,5 километри која што ќе ги поврзе овие две населени места, а овој потег е најфреквентен со возила-вели Паунов.

Тој посочи дека жителите од двете населени места можат и безбедно да пристигнат до централното основно училиште, потоа до зградата на Општината и на ЈП „Плачковица“. ​

Реклама

​-Овој проект е реализиран благодарение на Општината и на Министерството за локална самоуправа. Проектот изнесува 6,4 милиони денари, од коишто 4,5 милиони денари се обезбедени от Министерството за локална самоуправа од Програмата за намалување на диспаритетите, а остатокот е кофинансирање на општина Карбинци-вели Паунов. 

Втората фаза од реализацијата на пешачката патека е поставување улично осветлување и урбана опрема. 

​- Осветлувањето ќе биде по принципот на соларна енергија, нема да биде дополнителен трошок на Општината, и исто така ќе биде збогатена со урбана опрема, тоа се клупи долж истата патека и канти за отпадоци-подвлече Паунов.