Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска потпиша девет договори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска потпиша девет договори за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој. Вкупната вредност на договорите изнесува 1.283.889 денари.

Поддржаните манифестации се посветени на промоцијата на домашните земјоделски производи, подобрувањето на нивната препознатливост, непосредното поврзување на производителите со потрошувачите, како и афирмацијата на локалната традиција, гастрономијата и руралниот туризам.

– Најкраткиот пат од нивата до пазарот понекогаш почнува на локалниот плоштад, место каде што производителот може лично да застане зад својот производ, да го понуди и да му овозможи на потрошувачот да ја препознае неговата вредност. Со оваа поддршка отвораме простор локалните заедници да го претстават најдоброто што го создаваат, а манифестациите да донесат конкретна придобивка за изложувачите и локалните производители – истакна министерот Серафимовски.

Реклама

Поддршка за организирање манифестации добија „Еко кам мед“ од Македонска Каменица за Деновите на медот во Македонска Каменица, „Ума сто“ од село Умин Дол за „Есенско пазарче“, „Слоу фуд Лихнидос“ од Охрид за „Вкусови на ферментацијата – органско производство на храна“, Општина Босилово за „Ајверијада во општина Босилово 2026“, Општина Василево за Денот на празот, Општина Ново Село за „Костенијада“, Општина Чучер-Сандево за „Традицијата на Скопска Црна Гора“, Општина Ресен за „Преспански јаболкобер“ и Општина Кочани за Деновите на кочанскиот ориз.

Како што информира МЗШВ, избраните манифестации ќе се реализираат во периодот од 10 септември до 31 декември 2026 година. Преку нив ќе се промовираат производство на мед и органска храна, локални земјоделски производи и традиционална гастрономија.

– Со реализацијата на оваа мерка ја продолжуваме поддршката за здруженија и единици на локалната самоуправа во организирањето манифестации што ја зголемуваат видливоста на домашните производители, ја поттикнуваат локалната економска активност и придонесуваат за развој на руралните средини – наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.