Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Амбасадорот Прескер во Пехчево: Поддршка за зелени иницијативи и нови можности за младите

Амбасадорот на Република Словенија во земјава, Грегор Прескер, денеска го посети Пехчево,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Република Словенија во земјава, Грегор Прескер, денеска го посети Пехчево, каде што се запозна со активностите реализирани во рамки на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, поддржан од Амбасадата на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.

Во рамки на посетата, Прескер оствари работна средба со градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китaнски, а беше посетена и работилницата на младиот мајстор Момир, каде што се реализираат активности поврзани со дрводелски вештини, традиционални техники и користење рециклирани материјали.

Проектот има за цел да ги поврзе природата, културата и традицијата и преку обуки и работилници да создаде можности за стекнување практични знаења и развој на локални потенцијали во зелената економија.

Реклама

Проектната координаторка Јасмина Бошевска посочи дека проектот е поддржан од Владата на Словенија преку словенечката амбасада и Министерството за надворешни и европски работи, а неговата цел е поврзување на природата, културата и традицијата.

-Целта на овој проект всушност е поврзување на еден цел екосистем кој опфаќа природа, култура и традиција. Без овој концепт не би можеле да ги ревитализираме нашите традиционални и културни вредности, но поврзувањето со природата е клучниот фактор, рече Бошевска.

Таа додаде дека во рамки на проектот биле организирани повеќе работилници и обуки, меѓу кои за дрводелски вештини, како и за искористување на есенцијалните масла и природните билки од Малешевијата.

-Токму овде потенцијалот на овие вредности го цениме како есенцијален за развојот на младите потенцијали во зелената економија, истакна Бошевска.

Амбасадорот Грегор Прескер изрази задоволство од посетата и од резултатите постигнати со проектот, посочувајќи дека поддржаните активности имаат значење за локалната заедница и младите.

-Денеска сме тука во Пехчево и бевме заедно и на други локации низ земјата за да видиме што сме направиле добро со овој проект. Денеска тука навистина гледам многу убава работа и дека тоа што сме го поддржале има голема вредност“, рече Прескер.

Според него, проектот отвора можности младите да стекнат нови знаења, да се запознаат со занаетите и традицијата и потенцијално да ги претворат стекнатите вештини во сопствена бизнис-иницијатива.

-Има вредност за локалната заедница, има за младите луѓе кои учат нешто ново, кои се занимаваат со ракотворби и занаети, а ја вклучуваат традицијата во образованието и можеби понатаму и во бизнис, сопствен бизнис кој треба да го развијат. Така локалните заедници да бидат поразвиени, младите луѓе да опстанат тука во вашата земја и во локалните средини, истакна словенечкиот амбасадор.

Тој посочи и на потенцијалот на Пехчево за развој на дрвната индустрија и за создавање перспективи за младите.

-Кога слушам од градоначалникот дека вие имате многу развиена дрвна индустрија, сигурно треба млади луѓе да ја развиваат и понатаму. Да имаат перспектива тука во вашата општина, рече Прескер.

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китaнски, изрази благодарност до словенечката амбасада и Министерството за надворешни и европски работи за поддршката на проектот и за изборот Пехчево да биде место каде што ќе се реализираат активностите.

-Како градоначалник и како домаќин сакам да изразам голема благодарност до организацијата што го препозна Пехчево, до амбасадорот од Словенија, до Словенечката амбасада и до Министерството за надворешни работи што го поддржаа овој проект токму да се одржи во Пехчево“, рече Китaнски.

Тој оцени дека активностите во рамки на проектот придонесуваат и за промоција на локалните потенцијали.

-Ние сме горди на тоа и мислам дека влогот и напорот што се направи, оваа работилница да биде и промоција на Пехчево, е уште поголема. Да не слушнат и да не запознаат дека и во Пехчево имаме големи потенцијали за инвестиции и развој на зелената економија и зелениот пазар“, истакна Китaнски.

Во рамки на посетата беше посетен и едукативниот центар во село Негрево, сместен во стара училишна зграда која е реновирана и пренаменета во центар за едукација и запознавање со биолошката разновидност на Малешевијата. Во центарот се претставени природните богатства на регионот, живеалишта, хербариуми, семиња и други содржини наменети за едукативни активности.

Посетата на амбасадорот Прескер беше искористена и за разговори за можностите за продолжување и проширување на соработката, како и за реализација на нови проекти во Пехчево поврзани со зелената економија, заштитата на животната средина, традиционалните знаења и создавањето можности за младите.

Во рамки на проектот, покрај дрводелските обуки, се реализирани и активности за искористување на природните ресурси од Малешевијата. Менторката на проектот посочи дека со децата биле изработувани шумливи бомби, шумлива и ароматична сол, композиции од чаеви, како и материјали од смрека што биле користени за производство на тоници и други природни препарати.

Од Општина Пехчево најавија дека остануваат отворени за соработка со словенечките институции и организации и за подготовка на нови проекти во интерес на локалната заедница.