Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Економија

ССК очекува дека ќе се најде најдобро решение за превозниците

Сојузот на стопански комори (ССК) смета дека Владата ќе го најде најдоброто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на стопански комори (ССК) смета дека Владата ќе го најде најдоброто решение за превозниците во однос на визите за нивен престој во земјите од Шенген зоната. Засега, велат, се уште нема штети, но ситуацијата се следи со големо внимание. 

Според Бизнис конфедерацијата на Македонија, за ова прашање требаше да се преговара уште на самиот почеток, кога беше донесена регулативата од страна на ЕУ. 

-Ги следиме чекорите на Владата, бидејќи таа има најквалитетни информации и комуницира со претставниците на Европската Унија. Ние конкретно немаме сериозни информации во таа насока. Очекувам дека ќе се изнајде најквалитетно можно решение за да не трпат штета нашите превозници. Во моментов мислам дека нема штети, не знам точно кога ќе стартува тоа што е дефинирано од ЕУ. Ќе ни се случат повторно, сигурен сум, затворања на границите, камионџиите и логистичарите ќе ги затворат границите, бидејќи тоа е навистина тежок проблем. Ќе видиме како ќе се одвива тоа, изјави претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски пред почетокот на тркалезна маса „Кон транспорт без хартија и без бариери – дигитален товарен лист и поефикасни граници“.

Реклама

Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија истакна дека законот мора да се почитува. 

-Им честитам и на МАКАМ-ТРАНС и на здружените асоцијации на транспортери низ регионот, меѓутоа законот мора да се почитува. Ние сме на некој начин во состојба дека мора да го почитуваме и дека ќе треба да се зголемуваат капацитетите на лиценцирани возачи кои ќе можат да престојуваат во рамки на дозволеното од 90 во 180. Нема излез и барањето е беспредметно, оцени Бошков.

На новинарско прашање за унгарскиот кредит, Ѓорѓиевски одговори дека тоа е позитивен исчекор за помош на приватните фирми.

-Повеќе пати сум спомнал дека унгарскиот кредит е позитивен исчекор за помош на приватните фирми. Не навлегувам во сегментот на општините и потребно е тоа повторно да го имаме како опција. Нашата главна забелешка тогаш беше дека е потребно средствата да бидат насочени кон микро, мали и средни компании, не кон големите компании и се сменија тие работи, рече претседателот на ССК.