Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење

По повеќегодишни барања од жителите на Горно Оризари, почна реализацијата на повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќегодишни барања од жителите на Горно Оризари, почна реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти со кои се подобруваат условите за живеење во оваа населба.

Од Град Скопје информираат дека улицата кон Горно Оризари, која со години беше во лоша состојба, се реконструира со поставување речиси 4.000 квадратни метри нов асфалт. Со реконструкцијата се очекува да се подобрат пристапот до населбата и безбедноста на жителите, учениците и на сите учесници во сообраќајот.

– Покрај реконструкцијата на улицата, во населбата се поставува ново детско катче, а се врши и целосна реконструкција на спортскиот терен, со цел децата и младите да добијат уреден простор за игра, спорт и дружење. Во рамките на активностите е уредена и нова автобуска постојка во согласност со барањата на жителите – велат од Град Скопје.

Реклама

На терен денеска биле присутни министерот Ерџан Демир, градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, и претставници на локалната заедница. 

– Овие луѓе не бараа чуда. Бараа нормални услови за живеење. Денес сме тука со конкретни реализирани активности – реконструирана улица, ново детско катче, уреден спортски терен и автобуска постојка. Ова е само почеток. Во Горно Оризари имаме уште работа и ќе продолжиме да ги слушаме потребите на жителите и да работиме на нивно решавање – порачал Ѓорѓиевски при денешната посета.

Проектите се дел од активностите насочени кон подобрување на инфраструктурата и јавните простори во скопските населби.