Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Целосно се реконструира улицата „Фредерик Шопен“ во општина Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во почетокот на градежните активности за темелна реконструкција на улицата „Фредерик Шопен“.

Како што соопштија од локалната самоуправа, станува збор за значаен инфраструктурен проект во населбата Бирарија кој решава долгогодишен проблем на локалното население и значително ќе ја унапреди безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината.

Проектот опфаќа целосна обнова на коловозот во должина од околу 350 метри. Се реализира, се посочува, во директна соработка со Министерството за транспорт, а се финансира со средства за капитални проекти од Владата на Македонија, обезбедени преку унгарскиот кредит.

Реклама

-Денешниот почеток на градежните работи на улицата „Фредерик Шопен“ е уште еден цврст доказ за нашиот континуитет во градењето на модерна, безбедна и функционална општина. Ова претставува решавање на уште еден реален проблем на нашите сограѓани и вистински пример за тоа колку е важна синергијата меѓу локалната и централната власт. Заедничките капитални проекти се клучот за развојот на нашата општина и патот кон создавање квалитетни услови за живот за секој наш жител – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.