Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

„Кафе со амбасадори“ – дијалог за земјоделството, руралниот развој и економијата

Во Јуроп хаус Струмица вчера се одржа новото издание на „Кафе со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Јуроп хаус Струмица вчера се одржа новото издание на „Кафе со амбасадори“, кој овој пат беше посветен на темата „Земјоделство и рурален развој“, со учество на амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер, и амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Узлем Џанел, стои во соопштението од Јуроп хаус Скопје.

Заедно со земјоделците, академските и претставниците од невладиниот сектор од регионот, настанот отвори дискусија за значењето на земјоделството во современите европски економии, искуствата на Германија и Холандија, како и можностите што европската интеграција ги носи за земјоделците и руралните средини во Македонија.

Струмица, како еден од најзначајните земјоделски региони во земјата, е природно место за разговор за сектор кој не претставува само економска дејност, туку е и важен дел од локалниот идентитет, традицијата и секојдневниот живот.

Реклама

Во рамки на дискусијата, посебно внимание беше посветено на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија (CAP) и на нејзиното практично значење за земјоделците. Се разговараше за тоа како европските земјоделски политики влијаат врз производството, поддршката за земјоделците, стандардите за животна средина и развојот на руралните заедници, како и за тоа што вклучувањето во овој систем би значело за малите и средните земјоделски производители во Македонија.

Амбасадорките ги споделија искуствата на Германија и Холандија во справувањето со еден од најголемите предизвици на современото земјоделство, како да се одржи висока продуктивност, а истовремено да се заштитат почвата, водата, биодиверзитетот и животната средина.

Разговорот ги опфати и предизвиците поврзани со одржливото земјоделство, климатските промени и потребата за приспособување кон новите услови, без притоа да се намали конкурентноста. Иновациите и иднината на земјоделството, исто така, зазедоа важно место во разговорот. Беа разгледани искуствата со прецизното земјоделство, стакленичките технологии, дигитализацијата, истражувањето и земјоделските задруги, како модели кои можат да придонесат кон поголема ефикасност и поодржливо производство.

Посебно внимание беше посветено и на потенцијалот на Струмичкиот регион, кој располага со плодна почва, силна традиција во градинарското производство и добра позиционираност кон регионалните пазари. Во разговорот беше истакната важноста овие предности да се надградат со повеќе знаење, технологии, соработка и пристап до европски можности за развој.

Преку искуствата на Германија и Холандија, учесниците имаа можност да слушнат како европските политики се применуваат во пракса, и какви можности, промени и одговорности  отвораат за земјоделците и руралните заедници. Настанот заврши со разговор за иднината на земјоделството во земјата, преку примена на иновации, одржливи практики, подобра организација и користење на европските инструменти за поддршка. 

„Кафе со амбасадори“ е дел од активностите на Јуроп хаус, насочени кон отворање простор за дијалог за европските политики, искуства и вредности и нивното практично значење за граѓаните и локалните заедници низ Македонија.