Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ИНОВА ги поврзува македонскиот и израелскиот иновациски екосистем: нови можности за соработка, инвестиции и размена на искуства

Поврзување на институциите, бизнис-секторот, универзитетите и иновациските центри, размена на искуства и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзување на институциите, бизнис-секторот, универзитетите и иновациските центри, размена на искуства и отворање нови можности за економска и технолошка соработка – беа во фокусот на посетата на делегацијата од Министерството за регионална соработка на Државата Израел и Иновацискиот центар на Македонија „Даром“.

Делегацијата, предводена од Гилад Шадмон, генерален директор, и Соња Ишенко, шеф на кабинет во Министерството за регионална соработка на Државата Израел, како и Ран Сасон, извршен директор, и Ељашив Минерби, оперативен директор на Иновацискиот центар „Даром“, во текот на посетата остварија низа средби со македонски институции, локални самоуправи, академската заедница и претставници на бизнис-секторот.

Домаќин на посетата беше Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво – ИНОВА, а директорката Даниела Димовска на средбите ги претстави приоритетите на Агенцијата и можностите за развој на партнерства со израелски институции и организации.

Реклама

„Израел е препознатлив како еден од најдинамичните иновациски екосистеми, особено во делот на поврзувањето на науката, технологијата, претприемаштвото и бизнисот. За нас е важно искуствата и моделите што функционираат таму да ги разгледаме во контекст на нашите потреби и потенцијали, но и да создадеме конкретни канали за соработка меѓу компаниите, стартапите, универзитетите и институциите“, истакна директорката на ИНОВА, Даниела Димовска.

Во рамките на посетата израелската делегација оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, државната советничка во Министерството за образование и наука, Светлана Пинева, како и со ректорот на ИНОФЕИТ, Владимир Атанасовски. Разговорите беа насочени кон можностите за институционална и академска соработка, развој на човечкиот капитал, технологиите и поддршката на иновациските потенцијали.

Програмата продолжи со состанок со парламентарната група на Собранието на Македонија за соработка со парламентот на Државата Израел, со што беше опфатена и парламентарната димензија на билатералната соработка. На средбата се разговараше за можностите за понатамошно продлабочување на односите и размена на искуства од значење за двете земји.

Посебен дел од програмата беше посветен на локалниот економски развој и директното поврзување со бизнис-секторот. Во Кавадарци делегацијата беше пречекана од градоначалникот Митко Јанчев, кој го претстави економскиот потенцијал на општината и регионот. Средбата продолжи во Едукативниот центар М6, каде што пред израелските претставници се претставија компании од регионот, нивните производи, потенцијали и развојни планови.

Делегацијата се сретна и со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, при што беа разгледани потенцијалите за локален економски развој и можностите за соработка во областа на иновациите и претприемаштвото.

За време на престојот беа реализирани и посети на Меморијалниот центар на Евреите од Македонија, Музејот на македонската борба за самостојност, како и на тиквешкиот вински регион, со што програмата опфати и културно поврзување и запознавање со локалните економски потенцијали.

ИНОВА ја цени поддршката и институционалната координација од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во реализацијата на посетата, како и придонесот на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев и Едукативниот центар М6 во успешното реализирање на програмата и срдечното гостопримство кон израелската делегација.

Како следен чекор се очекува продолжување на разговорите со партнерите од Израел и идентификување конкретни форми на соработка во областите на иновациите, претприемаштвото, технологијата, истражувањето и развојот и локалниот економски развој, стои во соопштението од ИНОВА.