Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Хоџа: Зелената агенда мора да премине од заложби кон конкретни резултати за граѓаните од Западен Балкан

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествува на Третиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествува на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB), што денеска и утре се одржува во Жабљак, Црна Гора, во рамки на црногорското претседавање со Берлинскиот процес за 2026 година.

Како што соопштија од ресорното Министерство, во обраќањето на главната сесија „Зелена агенда за Западен Балкан – од заложби кон реализација“, министерот Хоџа ја потврди посветеноста на земјава кон Зелената агенда и европската интеграција, посочувајќи дека во следната фаза фокусот треба да биде на имплементација, инвестиции и регионална соработка.

-Зелената агенда треба сè повеќе да стане платформа за регионална имплементација, а не само за регионален дијалог. Загадувањето не застанува на границите, а климатските ризици се заеднички, порача Хоџа, нагласувајќи ја потребата од заеднички решенија, размена на знаење и податоци, усогласување на стандардите и развој на регионална инфраструктура таму каде што тоа е оправдано.

Реклама

,,Успехот нема да се мери според бројот на усвоени документи.Ќе се мери според конкретните промени кои носат бенефит за граѓаните од целиот регион.” – истакна Хоџа.

Во однос на клучните приоритети на Македонија во наредниот период, министерот се осврна на забрзувањето на инвестициите во обновливи извори и енергетска ефикасност, зајакнување на климатското управување и подготовката за европската климатска рамка, праведна транзиција за регионите зависни од јаглен, забрзување на реформите во управувањето со отпадот и циркуларната економија, како и зајакнување на климатската адаптација, заштитата на природата и биолошката разновидност.

Третиот министерски состанок на Зелената агенда за Западен Балкан претставува форум за согледување на досегашниот напредок и утврдување на политичките насоки за следната фаза од имплементацијата на Зелената агенда. Во рамки на состанокот во Црна Гора е предвидено усвојување на Министерската декларација за Зелената агенда за 2026 година, како и политичка поддршка за клучни чекори на регионално ниво, се наведува во соопштението.