Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Интензивирани градежните активности на делницата Бељаковце – Крива Паланка од пругата кон Бугарија

Интензивирани се градежни активности на железничкиот Коридор 8 во делот помеѓу Бељаковце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивирани се градежни активности на железничкиот Коридор 8 во делот помеѓу Бељаковце (Куманово) до Крива Паланка. Ја градиме Македонија – објави на „Фејсбук“ вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

И директорот на МЖ „Инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил напиша дека има засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка.

– Оваа делница е во должина од 34 километри. Во моментот засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени од вкупно 29 – вели Ивановски.

Реклама

Како што информира Ивановски, парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26-те полуизградени моста од 90-тите.

– Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи, а до моментот се произведени 71, со динамика од 10 неделно – дополни директорот.

Според него, вкупен прогрес на проектот е околу 40 отсто, а проекцијата до крајот на оваа година е да се стигне до 50 проценти реализација.

– Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект – нагласува Ивановски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: