Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Стевановски: Со развојот на индустриската зона во Новаци создаваме услови за нови инвестиции, работни места и економски раст

Денес сакам пред вас да дадам отчет за она што го реализиравме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес сакам пред вас да дадам отчет за она што го реализиравме во периодот од почетокот на мојот нов мандат до денес. Овој отчет не е само преглед на бројки, договори и градежни активности. Тој е приказ на континуирана работа што ја вложуваме за подобри услови за живот, почиста животна средина, поквалитетна инфраструктура и поголеми можности за сите наши жители, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за отчетотот на Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.

Нашата работа се мери со видливи резултати: нова инфраструктура, подобри услуги и вистинска грижа за луѓето. Еден од нашите најзначајни приоритети е развојот на локалната инфраструктура, затоа што без добра инфраструктура нема нови инвестиции, нема економски раст и нема подобар квалитет на живот. 

Уште на почетокот на новиот мандат го завршивме асфалтирањето на улица во Долно Агларци во должина од 435 метри, финансирано преку Програмата за развој на селата. Особено место во оваа развојна визија има Индустриската зона Новаци. Во Индустриската зона Новаци, со поддршка од Владата на РМ, изградена е водоводна, атмосферска и фекална канализација, инвестиција вредна приближно 26 милиони денари. 

Реклама

Во моментов работиме на изградба на улици во внатрешноста на Индустриската зона, во вредност од околу 50 милиони денари. Паралелно го направивме и осветлувањето на Индустриска улица 3, со што вкупната инвестиција во Индустриската зона Новаци изнесува околу 77.5 милиони денари. Индустриската зона не е само простор на карта. 

Таа е темел на нашиот иден економски развој. Затоа токму таму го насочуваме најголемиот акцент. Две компании што купија градежни парцели веќе обезбедија одобренија и започнаа со изградба на своите објекти. Тоа значи нови инвестиции, нови работни места, поголема причина младите да останат во Новаци. Паралелно, значителни вложувања насочивме кон водоснабдувањето, канализацијата и заштитата на животната средина. 

Во Добромири во завршна фаза е изградбата на пречистителна станица, паралелно со изградбата на канализациската мрежа. Вкупната вредност на оваа инвестиција е околу 31 милион денари. 

Паралелно се работи и на проект за изградба на пречистителна станица во Новаци. За земјоделците особено значаен е системот за наводнување во атарите на Новаци и Добромири кој ќе биде во вредност од приближно 90 милиони денари. Договорот за директен грант со Европската Унија преку ИПА беше потпишан во декември 2025 година, а во 2026 продолжија подготовките за негова реализација. Работевме и на локалните патишта, јавните простори и подобрата поврзаност на населените места. Поплочивме 2.000 квадратни метри од платото пред салата на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што се одржува Фестивалот на жетвата. Изградена е пешачката рекреативна патека со повеќе содржини во Новаци и доградени се два нејзини краци, кои го вклучуваат и новиот асфалтиран пат до манастирот. Вкупната вредност на оваа инвестиција е околу 20 милиони денари. Го реконструиравме општинскиот објект во с. Бач и продолживме со уредување на полските патишта и со подобрување на локалната и регионалната патна сигнализација. Потпишан е и договор за санација на спортско-рекреативниот центар Коњарка во Скочивир. Со тоа продолжува уредувањето на просторите за рекреација, одмор и заеднички активности на граѓаните. Посебно внимание посветивме на комуналните услуги и на создавањето почиста и поздрава животна средина. Подобрата општина не се гради само со големи капитални проекти. Таа се препознава и по чистите улици, уредените јавни површини и навремените услуги за граѓаните. Ги зајакнавме капацитетите на ЈП „Комунална хигиена“ со машина за метење улици, специјално возило – кипер грајфер, нов камион подигнувач, дополнителна опрема и канти за селекција на отпад, со поддршка од Владата на РМ и МЖСПП. Проектот „Земјоделство безбедно од пожари“ го заокруживме со обуки, показни вежби и активности за подигнување на јавната свест. Засадивме околу 1.100 садници кај спортско-рекреативната патека и дополнителни 130 јавори во Индустриската зона, создавајќи зелен појас со еколошка и противпожарна функција. Грижата за децата и младите останува еден од нашите најважни приоритети. Нашата цел е поддршката да не остане само на зборови, туку да се почувствува директно во нивното образование, мобилност и личен развој. Во декември 2025 ги потпишавме решенијата за субвенции од 10.000 денари за возачка дозвола за младите до 26 години што аплицираа на јавниот повик. Мерката продолжи и во 2026 година, кога беа одобрени 27 млади корисници. На учениците од четврто одделение секоја година им доделуваме таблети, со што вложуваме во современо и дигитално образование. За почетокот оваа учебна година одобривме еднократна помош од 10.000 денари за првачињата и по 6.000 денари за учениците од второ до деветто одделение. Општината ги поддржува и младите што запишуваат прв циклус студии за прва година на државните факултети, со еднократна субвенција од 12.000 денари. Се вклучивме и во регионалниот проект ПЕЛО, кој создава нови можности, вештини и партнерства со цел младите да останат и да ја градат својата иднина во Пелагонија. Преку проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ одржавме и три форумски сесии, на кои граѓаните директно учествуваа во утврдувањето на локалните приоритети. Транспарентноста и учеството на граѓаните не се формалност, туку основа на одговорното управување. Паралелно, Општина Новаци продолжува да биде активен и препознатлив партнер во повеќе меѓународни проекти. Преку нив обезбедуваме знаење, партнерства и средства што создаваат долгорочна вредност и отвораат нови можности за нашата заедница. Преку TOUR-HUB работиме на темелна реконструкција на старата училишна зграда во Градешница во современ едукативно-изложбен центар, кој ќе го поврзе културното наследство со нови туристички и образовни содржини. Активни сме и во проектите GRECALE и Зелени пре-инкубатори, финансиран преку програмата EUKI. Овие проекти се насочени кон зелената и праведната транзиција, претприемништвото и одржливиот локален развој. Не ги заборавивме ниту културата, спортот и традицијата, затоа што развојот не се мери само во километри патишта и финансиски вредности. Тој се мери и во силата на заедницата, во зачуваните обичаи и во можностите луѓето да се поврзуваат. Обезбедивме бесплатен јавен интернет околу Младинскиот центар. Го организиравме петтото јубилејно издание на Фестивалот на жетвата, го одбележавме јубилејот – 30 години Општина Новаци и поддржавме повеќе културни, спортски, верски и традиционални настани низ општината. Почитувани сограѓани, она што го направивме е значајно и видливо, но пред нас има уште многу работа. Нема да застанеме на започнатото. Ќе продолжиме со завршување на капиталните проекти, со нови инвестиции во секое населено место и со одговорно и транспарентно работење. Нашата цел е јасна: современа, уредена и развиена Општина Новаци, во која секој жител ќе има подобри услови за живот и реална можност за напредок. Ви благодарам за довербата, за поддршката и за заедничката посветеност. Продолжуваме да работиме – одговорно, домаќински и во интерес на сите граѓани на Општина Новаци.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: