Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Манасиевски: СДСМ и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата

СДСМ и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се нивните соработници на криминалот и корупцијата.

Мал дел на судии и обвинители блиски до СДСМ и ДУИ, го корозираат правосудниот систем и носат одлуки спротивни на правдата, но на иста линија со нивните наредбодавци, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиески на прес-конференција. 

Дозволете да се потсетиме на неколку судии и обвинители, поточно на Катерина Коларевиќ, обвинителката која го затвори случајот Мазут, а чиј татко беше избран за државен правобранител од влада на СДСМ, а чија мајка беше избрана за уставен судија во време на коалицијата на СДСМ и на ДУИ.

Реклама

Пајазит Пајазити, судијата близок до ДУИ, кој одлучуваше во случаите со Блерим Рамадани, упадот во контролата на летање и Иџет Мемети. Да се потсетиме и на Даниела Алексовска Стојановска, судијката која во својата куќа, имаше сместено штаб на СДСМ.

И секако, да не го заборавиме Ислам Абази комшијата на Ахмети од Зајас, кој одработи за функцијата шеф на ОЈО ГОКК, со затворање на случајот со модуларната болница.

Ете, ова е системот кој СДСМ и ДУИ го градеа со години, со ставање на свои луѓе на високи позиции во правосудството. И за овој систем мора да има одговорност. Ние не забораваме.