Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Ајде да знакуваме заедно“ инклузивен настан в недела по повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик

Инклузивен марш и централна програма со интерактивни, едукативни и креативни активности ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инклузивен марш и централна програма со интерактивни, едукативни и креативни активности ќе се одржат в недела во Скопје, по повод Меѓународниот ден на знаковните јазици. Настанот „Ајде да знакуваме заедно!“ го организира Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Маршот ќе започне во 10:00 часот од Мостот „Гоце Делчев“, а учесниците ќе се движат по кејот на Вардар, покрај Градскиот стадион, до Градскиот парк „Школка“.

Централната програма ќе започне во 11:00 часот кај „Школка“ и ќе трае до 13:00 часот. Предвидени се поздравни обраќања, музички настапи на глуви ученици, доделување плакети и благодарници, како и интерактивен дел во кој посетителите ќе имаат можност директно да се запознаат со знаковниот јазик преку комуникација со лица од глувата заедница.

Реклама

На настанот се очекува да учествуваат глуви и наглуви лица, деца, млади, родители, наставници, претставници на институции и граѓани. Предвидени се и обраќања од претставници на Националниот сојуз, Град Скопје, Владата и Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Од Националниот сојуз посочуваат дека настанот е замислен како отворена и инклузивна манифестација за подигнување на свеста за значењето на македонскиот знаковен јазик и потребата од создавање општество без комуникациски бариери.

– Градиме заедница без комуникациски бариери. Особено ни е важно во настанот да бидат вклучени и образовните институции, бидејќи инклузивното образование и пристапната комуникација се основа за еднакви можности на глувите и наглувите ученици – наведуваат од Националниот сојуз.

Меѓународниот ден на знаковните јазици се одбележува на 23 септември, со цел да се нагласи значењето на знаковните јазици за човековите права, јазичната разновидност и инклузивното општество.

Слоганот на настанот е „Патот продолжува – ајде да знакуваме заедно!“, а пораката „Мој јазик. Мое право. Мој идентитет.“