Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Салцбург се основа нова македонска црковна општина, четврта во Австрија

По Виена, Линц и Филах, четврта македонска црковна општина во Австрија се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Виена, Линц и Филах, четврта македонска црковна општина во Австрија се основа во Салцбург. Со благослов митрополитот Европски г. Пимен, македонските православни верници во Салцбург добиваат македонска црковна општина и стануваат дел од Европската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

На 19 септември 2026 година, по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Салцбург за првпат ќе биде отслужена света архијерејска Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува митрополитот Пимен.

– Овој историски чин претставува нов почеток за македонските православни верници од Салцбург и околината место каде што верата, традицијата, јазикот и македонската духовна припадност ќе продолжат да се пренесуваат на идните генерации. Затоа, Почитувани Македонци, да бидеме заедно на овој голем ден! Да се собереме во што поголем број и заеднички да го одбележиме моментот кога македонското православно семејство во Австрија повторно расте.“ – се вели во известувањето до Европската епархија.