Реклама

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Крај за „замижувањето“ на граници – телесни камери ги следат цариниците, патниците и превозниците

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје

Во Народната канцеларија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера оствари средби со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Народната канцеларија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера оствари средби со граѓани кои пројавиле интерес директно да споделат со неа и со Кабинетот лични проблеми, но и успеси, да изразат критички поглед кон определени појави, институции и односи, но и пофалба и поддршка, да презентираат идеи и иницијативи за решавање на воочените институционални недоследности и аномалии, или за доградба и усовршување на добрите состојби.

Дел од посетителите ѝ укажаа на тешкотиите и неправдите при обидите за вработување, за примерите на потценување на стручноста и компетентноста и преценување на фамилијарната, политичката и партиската припадност, други, на соочување со занемарување на посебните потреби на лицата со попреченост и недоволната грижа за нив, како и за нивна исклученост од процесите на одлучување, трети, на честата незаинтересираност на државната и локалните власти за користење на нивното докажано знаење надвор, соопшти кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова, откако со своите соработници ги ислуша граѓаните, го поздрави нивното доаѓање, ги запозна со претседателските надлежности, како и со улогата на нејзиниот Кабинет во информирањето на надлежните органи за добиените предлози, идеи и иницијативи, како и во доставувањето на граѓанските претставки до нив.

Реклама

Таа, исто така ги сподели своите ставови и видувања за поставените прашања и можните решенија на истите.

На крајот, таа и членовите на кабинетот им ја предочија отвореноста и достапноста на Народната канцеларија за свикување поширока дебата за проблемите и прашањата што ги засегаат.