Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Тркалезна маса „Кон транспорт без хартија и без бариери – Дигитален товарен лист, отворени граници“

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) денеска организира тркалезна маса за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) денеска организира тркалезна маса за транспорт и логистика, посветена на имплементацијата на електронскиот товарен лист (е-ЦМР) и создавањето услови за побрз, поефикасен и дигитализиран транспорт.

Како што е најавено, под мотото „Кон транспорт без хартија и без бариери – Дигитален товарен лист, отворени граници“, на едно место ќе се сретнат претставници на бизнис-заедницата и клучните државни институции со цел да се отворат конкретни прашања поврзани со воведувањето е-ЦМР и надминувањето на административните и институционалните бариери во транспортот и логистиката.

-Имплементацијата на електронскиот товарен лист претставува важен чекор кон дигитализација и модернизација на транспортниот сектор. За негово целосно 
функционирање потребни се интероперабилност на системите, координација меѓу институциите и воспоставување заедничка институционална архитектура преку 
едношалтерски систем (One Stop Shop), информира ССКМ.

Реклама

На тркалезната маса ќе биде презентиран предлог-моделот за ваквата архитектура, како и потребните законски измени и институционални чекори за успешна имплементација на системот. Целта е преку директен дијалог меѓу јавниот и приватниот сектор да се дефинираат конкретни решенија што ќе овозможат помалку документација, побрзи процедури, поефикасен проток на стоки и намалување на времето и трошоците за транспортните и логистичките компании.

На настанот се очекува учество на претставници од Министерството за транспорт, Министерството за финансии и институциите под негова надлежност – Управата за 
јавни приходи и Царинската управа, Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за европски прашања, Кабинетот на 
претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи – гранична полиција.