– ВРЕДИ денеска го отвори изборниот штаб во Брвеница, во рамки на подготовките за предвремените локални избори на 18 октомври, се вели во соопштението од ВРЕДИ.
Со Јакуп Хусеини како кандидат за градоначалник на Општина Брвеница и Амир Муслиу како шеф на изборниот штаб, започнуваме нов пат, со енергија, организација и посветеност кон граѓаните.
На отворањето на штабот присуствуваа копретседателот на ВРЕДИ, Изет Меџити, потпретседателката Мимоза Муса, шефот на Централниот изборен штаб Аднан Азизи, пратеници, градоначалници, активисти, како и бројни граѓани и поддржувачи на ВРЕДИ.
Брвеница заслужува работа, развој и достоинствено претставување.
18 октомври е денот на промената!
Брвеница ВРЕДИ!

