Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор во земјава

УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор (Business Advisory Council – BAC) во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор (Business Advisory Council – BAC) во Македонија, обединувајќи истакнати претставници од бизнис заедницата кои се посветени на унапредување на правата и благосостојбата на децата преку одговорни деловни практики, иновации, застапување и партнерства.

Како што информираат од УНИЦЕФ, Одборот го сочинуваат Неби Хоџа (Oxa Group), Ирена Јакимовска (Комфи Ангел), Горан Марковиќ (Македонски Телеком), Живко Мукаетов (Алкалоид), Иван Штериев (Македонска берза) и Марјонка Велјановска (Фармахем) кои учествуваат во лично својство. Заедно, како што посочуваат, тие ќе ги искористат својата стручност и влијание за да го зајакнат ангажманот на бизнис секторот во поддршка на децата и да препознаат можности за подобрување на условите за децата и семејствата.

-Секое дете заслужува еднаква можност да учи, да расте и да го достигне својот целосен потенцијал. За остварување на оваа визија е потребно лидерство од сите сегменти на општеството, вклучувајќи ја и бизнис заедницата. Исклучително сум благодарна на членовите на Бизнис советодавниот одбор на УНИЦЕФ што го вложуваат своето знаење, искуство и ентузијазам во оваа заедничка цел. Она што најмногу ме инспирира не е само нивната лична посветеност на правата на децата, туку и нивната подготвеност да ги поттикнат и мобилизираат и другите. Првиот состанок го означува почетокот на важна соработка која има потенцијал значително да ги подобри животите на децата – потенцираше Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.

Реклама

Бизнис советодавниот одбор е платформа формирана од УНИЦЕФ која го поврзува лидерството во приватниот сектор со мисијата на УНИЦЕФ за децата. Членовите доброволно ги вложуваат своето време и експертиза за унапредување на правата на децата, промовирање на одговорни деловни практики, подигнување на свеста за прашањата што ги засегаат децата и поддршка на партнерства што создаваат заедничка вредност за децата, заедниците и компаниите.

-Образованието и грижата во раното детство беа идентификувани како прва област за заедничко дејствување на одборот, имајќи ја предвид нивната клучна улога во поддршката на развојот на децата, овозможувањето поголемо учество на жените на пазарот на труд, намалувањето на меѓугенерациската сиромаштија и нееднаквост и поставувањето темели за долгорочен економски просперитет. УНИЦЕФ и одборот ќе истражуваат иновативни партнерства што можат да помогнат повеќе деца, особено најранливите, да го добијат најдобриот можен почеток во животот. Со обединување на влијателни лидери од приватниот сектор, одборот има за цел да ја искористи моќта на бизнис заедницата за да придонесе секое дете во Македонија да преживее, да напредува и да го оствари својот целосен потенцијал – наведуваат од УНИЦЕФ.