Реклама

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Крај за „замижувањето“ на граници – телесни камери ги следат цариниците, патниците и превозниците

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Македонија

Претседателот на Собранието, Гаши во работна посета на Кичево

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска престојуваше во работна посета на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска престојуваше во работна посета на Општина Кичево, каде оствари средба со градоначалникот, Александар Јовановски.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата е разговарано за актуелните прашања и приоритети на граѓаните на Кичево, како и за унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и државните институции.

Во рамки на посетата, Гаши присуствувал и на отворањето на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните.

Реклама

Гаши истакнал дека ваквите канцеларии се важен механизам за непосредна комуникација меѓу граѓаните и нивните избрани претставници и придонесуваат за поголема отвореност и достапност на Собранието.