Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Состанок на Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието, Жаклина Пешевска денеска одржа редовен состанок со Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите во Собранието.

На состанокот, како што информира собраниската прес-служба, бил направен осврт на досегашната реализација на активностите предвидени со Акцискиот план и при направената ревизија, Работната група констатирала дека значителен дел од предвидените активности се реализирани, што претставува важен чекор во унапредувањето на рамноправноста и еднаквите можности во рамки на Собранието.

Членовите на Работната група се осврнале на досегашните резултати и ја потврдиле потребата од континуирано следење на спроведувањето на Акцискиот план, со цел навремено исполнување на поставените цели и обврски.

Реклама

На состанокот биле договорени и идните активности до крајот на годината, со посебен фокус на активностите насочени кон подигнување на јавната свест за превенција и борба против насилството врз жените и девојчињата.

– Како дел од планираните активности, предвидено е и одржување на средба и координација со локалните комисии за еднакви можности на жените и мажите. Средбата ќе биде во функција на размена на искуства, унапредување на координацијата и идентификување на можности за заедничко делување на национално и локално ниво, велат од собраниската прес-служба.