Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ одржа „Работилници за деца со попреченост“

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола одржа работилница со првачиња од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола одржа работилница со првачиња од Основното училиште ресурсен центар „Кочо Рацин“, а со цел развивање на моториката, логичкото мислење и друга поддршка.

Низ проектот „Работилници за деца со попреченост“ учениците ќе стекнат различни знаења и вештини кои ќе им користат сигурно да чекорат по патеката на животот, информираа од таа национална установа.

-Животот не е само стремеж кон остварување на посакуваната цел, животот е предизвик со сите негови составни делови. Можностите да постигнеме нешто не доаѓаат сами по себе, за нив е потребно да се избориме и да ги создадеме. Со цел развивање на моториката, логичкото мислење реализиравме работилница со првачињата од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, на еден поинаков и несекојдневен ден за учење, откривање и уживање во пријатната атмосфера, соопштија од НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.

Реклама

Проектот „Работилници за деца со попреченост“ овозможува низ игра и креативното изразување да се развие моторика, внимание, комуникација, избор, препознавање, сензорна перцепција и социјална интеракција на учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ Битола.