Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Божиновска: Цртежите на учениците со попреченост ќе ги красат електроенергетските ормани

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствуваше на настанот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствуваше на настанот „Partnerships for Inclusion: Turning ESG Commitments into Action“, посветен на втората фаза од проектот „EVN4Environment“ на ЕВН Македонија, реализиран во партнерство со „Раде Кончар ТЕП“. Во рамки на проектот беа опфатени 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку едукативни и креативни работилници учениците создаваа пораки за заштита на животната средина, а нивните идеи потоа добија нова форма – како инспирација за дизајнот на електроенергетски ормани поставени во јавниот простор.

На денешниот настан, на кој присуствуваа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, главниот извршен директор на ЕВН Македонија, Волфганг Маер, и директорот на „Раде Кончар ТЕП“, Горан Антевски, двајца од учениците лично ги претставија своите креативни решенија и пред присутните сликаа на електроенергетските ормани, со што нивната креативност од училишната работилница се пресели во реалниот свет.

– Орманите се навистина прекрасни, но уште поубаво е она што стои зад нив. Зад секој цртеж има млад човек со талент, со идеја и со желба да биде дел од општеството. Кога една компанија како ЕВН ќе ја препознае таа креативност и ќе ѝ даде простор да стане видлива, ние всушност им даваме нешто многу поважно – надеж и чувство дека не се заборавени, дека не се исклучени и дека и за нив има место да создаваат, да придонесуваат и да ја покажат својата креативност. Посебна благодарност до целиот тим на „Раде Кончар ТЕП“ што препознаа вредност во оваа иницијатива и се вклучија со конкретен придонес. Со тоа покажаа дека компаниите можат да направат многу повеќе од она што е нивната основна дејност – и да им покажат на овие млади луѓе дека нивниот талент, нивните идеи и нивната креативност имаат свое место. Токму преку вакви партнерства инклузијата станува реална, видлива и одржлива. Токму такви иницијативи треба да поддржуваме и да ги има сè повеќе- порача министерката Божиновска.

Реклама

Таа ја истакна важноста на активното учество на компаниите, нагласувајќи дека енергетскиот сектор, покрај својата основна улога во обезбедувањето сигурна и стабилна енергија, има простор да биде силен партнер и во создавањето поинклузивно општество.

– Кога компаниите, институциите и образовните установи работат заедно, можеме да создадеме промени кои се чувствуваат директно во животот на луѓето. Сакам ваквите примери да ги гледаме сè почесто и кај други компании – затоа што секоја инвестиција во младите, во инклузијата и во еднаквите можности е инвестиција во иднината на нашето општество. Секој млад човек треба да има простор да покаже што знае и што може. Затоа ни се потребни повеќе вакви партнерства и повеќе компании кои ќе отворат врата за инклузија – рече Божиновска.

Таа нагласи дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поддржува ваквите и слични иницијативи кои ги поврзуваат енергетиката, заштитата на животната средина, образованието, инклузијата и општествената одговорност.

Министерството, како што наведуваат, останува отворено за поддршка на иницијативи кои носат конкретна корист за граѓаните и создаваат повеќе можности за младите, особено за оние на кои им е потребна дополнителна поддршка за целосно да го реализираат својот потенцијал.