Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДСM и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок

СДСM и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини. Инсталациите на СДСM и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години. Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДСM и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Така за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 сограѓани, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, одговорност за никој нема.

Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството.

Реклама

Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДСM и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува.

Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДСM и ДУИ.

Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДСM и ДУИ.

Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани.