Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Концерт на Македонската филхармонија во рамките на Деновите на македонската музика

Оркестарот на Македонската филхармонија, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оркестарот на Македонската филхармонија, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт во рамките на фестивалот Денови на македонската музика.

На програмата се „Циклус песни“ од Стојан Стојков (2004), „Темпера 3“ од Тома Прошев (1968), увертира „Храдебни“ (1997) од Горан Начевски и Концерт за симфониски оркестар „Ремикс“ (2012) од Гоце Гавриловски. Диригент е Иван Еминовиќ, а како солистка ќе настапи мецосопранистката Сара Јанева.

Сара Јанева е лирски мецосопран, чиј уметнички пат се развива на интернационалната оперска и концертна сцена. Додипломските студии ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2022 година, во класата на проф. Весна Ѓиновска-Илкова. По дипломирањето во Скопје, таа е дел од Летната оперска академија на маестро Џорџ Пехливанијан во Блед, Словенија. Во 2024 година станува членка на Швајцарското оперско студио и ги добива своите први професионални солистички улоги во театарот „Бил-Солотурн“ во Швајцарија. Во 2025 година дебитира во последните две опери на В. А. Моцарт, во улогата на Анио во операта „Помилувањето на Тито“ и во улогата на Втората дама во операта „Волшебната флејта“. Последната сезона во оперското студио ја завршува со улогата на Лизета во операта „Фраскатана“ од Џ. Паизиело. Покрај оперските претстави, во истиот период настапува и на концертните изведби на „Стабат матер“ од Џ. Б. Перголези и „Стабат матер“ од А. Дворжак.

Реклама

Во февруари и јули годинава одржува два солистички концерти – во просториите на Факултетот за уметности во Берн и во црквата „Св. Софија“ во Охрид – со програма посветена на македонското музичко творештво и македонските композитори. Во август годинава настапи како солистка на концертот „Италијанска вечер“, во рамките на фестивалот „Алегро виво“ во Хорн, Австрија, со дела од К. Монтеверди, Џ. Росини и В. Белини. Од големо значење за нејзиниот развој придонела работата со истакнати оперски имиња, како Милка Ефтимова, Ана Дурловски, Малин Хартелиус (нејзина менторка во оперското студио) и познатиот мецосопран Веселина Касарова.

Роден во Скопје, Иван Еминовиќ, музика почнува да изучува на 6-годишна возраст посетувајќи го најпрвин одделот по пијано во нижото музичко училиште, а потоа и средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. На ФМУ во Скопје се запишува на одделот за оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, каде што во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено добивајќи ја наградата на Фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композицијата, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети.

Како пијанист одржал поголем број концерти во Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија (Државен музички натпревар во Скопје, меѓународниот натпревар во рамките на фестивалот „Интерфест“ – Битола, фестивалот ЕРТА во Осиек, Хрватска и други). Во јули 2018 диригира со Сараевската филхармонија по повод отварањето на Башчаршиски ноќи во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќи продукции на Македонската опера и балет,к меѓу кои „Травијата“, „Набуко“, „Дамата со камелии“, „Кармина Бурана“, „Севилскиот бербер“, „Кавалерија Рустикана“, „Жизел“, „Риголето“, „Евгениј Онегин“, „Адријана Лекуврер“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Реквием“ – Моцарт, како и многубројни концерти.