Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Марш за ангелите денеска во Кочани по 49. пат

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ подржани од граѓани денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ подржани од граѓани денеска по 49. пат маршираа за своите  ангели. На улиците во Кочани се  појавија со транспаренти во форма на срце на кои беа испишани имињата на сите што настрадаа на 16 март лани. На кружниот тек на булеварот „Стево Теодосиевски“ запалија свеќи, на тој начин посочувајќи  дека токму денес се навршува точно година и половина од трагедијата.

За разлика од претходно, овој пат родителите имаа само едно обраќање – пред Судот, кое траеше повеќе од десетина минути. Најсилна рекција беше искажана на тоа што на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, наскоро му истекува притворот од една година од подигнувањето на обвинителниот акт против него, како и на тоа што бил понуден имот како гаранција за неговото излегување од притвор.

-Само два дена пред овој марш од обраната на Деко слушнавме дека притворот не можел да продолжи „освен ако не се измисли ново кривично дело“ и дека ако имало друго дело досега ќе имало постапка. Во исто време, се нуди и имот како гаранција за негово излегување од притвор. И токму зборот „гаранција“ посебно боли. А ние, родителите, прашуваме: Кој им ја гарантираше безбедноста на нашите деца кога влегоа во „Пулс“?, рече Валентина Христовска, мајка на починатиот Павел Христовски.

Реклама

Според неа, нивните деца имале право да веруваат дека објектот во кој влегуваат е безбеден и дека институциите претходно ги провериле условите за негово работење.

Преку обраќањето на  Христовска, родителите рекоа дека барат да се истражат сите околности поврзани со работењето на „Пулс“ , реконструкцијата на објектот, пренамената во кабаре, издавањето на лиценцатата, контролите што биле вршени, финансиското работење, пријавувањето на концертот, внесувањето на пиротехниката, капацитетот на објектот и изјавите дадени во текот на судењето дека за инспекциски контроли имало дојави однапред, пред надлежните да ги извршат контролите.

Христовскаа од пред кочанскиот Основен суд нагласи дека тие како родители не сметаат дека треба да одлучуваат кој треба да биде во притвор, а кој на слобода.

-За притворот нека одлучи Судот, според законот и доказите. Но, бараме законот да биде гаранција – гаранција дека ниту еден пропуст нема да остане непроверен, ниту една незаконитост премолчена и ниту една одговорност неиспитана- порача мајката на починатиот Павел.

На крајот од своето обраќање, Христовска предупреди дека родителите ќе продолжат да бараат одговори и одговорност.
-Нашите деца денес не можат да зборуваат. Ние сме нивниот глас. И додека не ја добиеме целата вистина – тој глас нема да замолкне- децидно рече таа.

49. Марш за ангелите започна од Паркот на Револуцијата,  продолжи преку  мостот кај Трговскиот центар, пред објектите на  зградата на УЈП и полицијата имаше запирања. Потоа луѓето продолжија на кружниот тек на булеварот „Стево Теодосиевски“ каде беа запалени  свеќи во знак на почит кон сите починати.