Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Шасивари и Бочек разговараа за реконструкцијата на казнено-поправните установи вредна 46 милиони евра

Реализацијата на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“ беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реализацијата на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“ беше во фокусот на денешната средба меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), Томаш Бочек.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата бил разгледан текот на проектот што се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, а чија цел е подобрување на условите во казнено-поправните установи согласно европските стандарди.

Проектот предвидува унапредување на условите за сместување, здравствена заштита, хигиена, како и обезбедување подобри услови за работа и слободни активности на осудените и притворените лица.

Реклама

На средбата било посочено дека активностите во текот на 2026 година се одвиваат според предвидената динамика. Во јули годинава бил склучен договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за реализација на градежните активности е во тек.

Од Министерството за правда нагласуваат дека остануваат посветени на модернизацијата на системот за извршување на санкциите и создавање услови во казнено-поправните установи усогласени со европските стандарди.