Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

АД водостопанство „Кумановско-липковско поле“ го санираше дефектот, поради кој утрово имаше недостиг на вода во Куманово

Екипите на АД водостопанство „Кумановско-липковско поле“ го санираа дефектот кој предизвика намален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на АД водостопанство „Кумановско-липковско поле“ го санираа дефектот кој предизвика намален дотур на вода во градот Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

-Дефектот е саниран и има непречен пристап на сурова вода до Куманово и до јавното претпријатие- изјави директорот на претпријатието, Дарко Живковски.

Поради дефектот, на четвртата грана од системот за наводнување беше исклучен доводниот вод, бај-пас, и поради дефектот беше исклучен и стариот доводен водоводен вод, поради што значително се намали количината на сурова вода до филтер станицата. Граѓаните од високите зони од Куманово утрово се соочија со недостиг на вода, додека потрошувачите од пониската зона со намален притисок на вода.

Реклама

И од ЈП „Водовод“ Куманово ги информираа граѓаните дека дефектот на четвртата грана во тунелот под магистралниот пат успешно е саниран.

– Во тек е полнење на четвртата грана, по што водоснабдувањето на Општина Куманово нормално ќе продолжи преку бајпас-системот- изјави директорот на претпријатието, Игор Липковски.

По завршувањето на постапката, се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано, со што ќе се воспостави стабилно и редовно снабдување со вода за пиење на територијата на општината.