Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Почна реконструкцијата на фубдалскиот стадион „Башкими“ во Куманово

Почна реконструкцијата на фудбалскиот стадион кој го користи Фудбалскиот клуб „Башкими“ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна реконструкцијата на фудбалскиот стадион кој го користи Фудбалскиот клуб „Башкими“ од Куманово, најавија денеска министерот и заменик министерката за спорт Борко Ристовски и Сафије Садики Шаини. Првите луѓе на Министерството очекуваат подобрената спортска инфраструктура да придонесе за развој на спортот во локалната заедница.

Министерот за спорт, Ристовски кој присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, истакна дека проектот е реализација на ветувањето дадено пред неколку месеци и дека Министерството и Владата продолжуваат со вложувања во спортската инфраструктура.

– Колку што сум информиран, повеќе од десетина години на овие луѓе им се ветувало дека овој фудбалски стадион ќе се реконструира. Конечно, ние, дадениот збор по неколку месеци денеска го исполнуваме и со ова уште еднаш покажуваме дека Министерството за спорт, но и Владата генерално, секогаш и без исклучок стојат зад своите ветувања- рече министерот.

Реклама

Тој посочи дека реконструкцијата не значи само подобрување на условите за спортистите, туку и вложување во младите кои тренираат на стадионот.

– Ова не е подобрување само на спортскиот дел, туку и на социјалниот момент, затоа што овде, пред сè, ќе тренираат и дечиња и ќе се создаваат вредности коишто преку спортот се градат во личности коишто еден ден ја промовираат и ја претставуваат државата- изјави министерот.

Ристовски рече дека по завршувањето на реконструкцијата ќе биде потребно одржување на објектот за да може подолго време да се користи.

Сопственикот на ФК Башкими, Бурак Хида се заблагодари на поддршката на Министерството, посочувајќи дека инвестицијата значи развој на спортот, пред сè на младите деца кои тука тренираат.

-Им благодарам на овие луѓе што чесно работат и го исполнуваат ветувањето- рече Хида.