Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Саем за соларни системи во Прилеп: Преку субвенционирање до поголема примена на соларни системи во домаќинствата

Граѓаните ја знаат предноста на сончевите системи и што може домаќинството да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните ја знаат предноста на сончевите системи и што може домаќинството да добие, но станува збор и за инвестирање. Топла вода, готвење, загревање, па и возење велосипед. Сончевата енергија многукратно е корисна, заштедува, граѓаните се заинтересирани за соларните системи и претворањето во електрична енергија, но се смета дека нивната примена би била поголема преку обезбедување субвенции.

Во центарот на Прилеп на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ Центарот за климатски промени од Скопје одржа „Саем за соларни системи“ преку кој на прилепчани им ги објаснуваа предностите и потребата од примената на соларните системи во домаќинствата.

Според Филип Стојаноски од Центарот за климатски промени, инвестирањето е минимум 3 000 евра, а повратот е по осум години. Надежта е во новиот закон за обновливи извори и енергија и очекувањата дека државата ќе почне да дава субвенции за домаќинствата, како што се прави со инвертер климите. 

Реклама

-Граѓаните сакаат да инвестираат, но мора да се напомене дека за некои, 3 000 евра се многу пари. За да може да имаме поголем пробив на вакви технологии, мора да помага државата. Покрај тоа што државата инвестира во енергетски капацитети, дел од средствата треба да се пренаменат за субвенции, бидејќи кога ќе кажете 1 500 евра ви ги покрива државата, граѓанинот веќе почнува да размислува како да инвестира. Ако ние сакаме да имаме поудобни домови, да имаме помодерни технологии во нашите домаќинства, државата мора, преку Општините, да доделува средства за да почнеме да ги користиме овие технологии, вели Стојановски од Центарот за климатски промени од Скопје.

Според податоците од Регулаторната комисија за енергетика, во 2024 година се инсталирани 25 мегавати. Домаќинствата се корисници до 10, а институциите до 70 киловати.