Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Довербата во судството е на историски најниско ниво. Од Уставниот суд велат,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Довербата во судството е на историски најниско ниво. Од Уставниот суд велат, деценискиот пад од 2 % не е проблем само на судската власт. Решението го гледаат во поголема отвореност, силни правни аргументи и одговорност за секој што ќе го наруши угледот на судството. Мора да се преземат радикални чекори, дециден е претседателот на Уставниот суд, Костадиновски.

„Довербата на граѓаните во институциите на системот не се добива преку ноќ. Значи, тоа е процес, поради низа причини, да не навлегувам, а тоа е процес кој трае, меѓутоа е неминовен. Значи, во првата половина на оваа година бројот на иницијативи што се пристигнати до Судот е апсолутен рекорд во историјата на уставното судство. Значи, имаме во првите 6 месеци пристигнато иницијативи колку што не сме решавале годишно досега. Тоа значи дека граѓаните почнуваат да веруваат во Уставниот суд.“ – вели Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд на Р. М.

Германски експерти од судската фела предлагаат воведување уставна жалба, механизам со кој граѓаните ќе можат да бараат заштита на човековите права.

Реклама

„Пред извесно време дадов едно мислење за неопходноста од тоа во Северна Македонија да се воведе уставна жалба. Препорачав итно да се донесе закон. Колку што знам, тој сè уште не е донесен. Отсуството на можноста граѓанинот да поднесе уставна жалба го дистанцира од Уставниот суд.“ – вели Винфред Шуберт, поранешен уставен судија.

„На тој начин граѓанинот ќе може да се брани себеси ако државата се меша во неговите човекови права. Тоа е препораката за Македонија во однос на уставното право, граѓанинот да може самиот себеси да се заштитува.“ – вели Шефан Пирнер, од Германската фондација за меѓународна правна соработка.

Но, довербата во македонското судство е поврзана и со одговорноста на судиите. Случаите во кои судии се најдоа на обвинителна клупа дополнително фрлија сенка врз угледот на судската власт.

Одговорноста мора да биде индивидуална и да има име и презиме, а не преку еден корумпиран судија да се создава слика дека целото судство не чини. Редовното судство, порача Костадиновски, ќе мора само да се избори со оние кои го нарушуваат неговиот углед – друг избор нема.