Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Со проект за реконструкција опфатени 30 училишта и спортски сали – силна поддршка од европските партнери за унапредување на условите за настава и спорт

Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел е едно од 30 училишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел е едно од 30 училишта во државава што добиваат квалитетни услови за настава по физичко и здравствено образование и за спортски тренинзи преку проектот за рехабилитација на објекти за физичко образование и набавка на спортска опрема во основните и средните училишта, кофинансиран од Министерството за образование и наука, Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Развојната банка на Советот на Европа (CEB). 

Проектот „Рехабилитација на објекти за физичко образование во основните и средните училишта и набавка на спортска опрема во Република Северна Македонија“, кофинансиран од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Развојната банка на Советот на Европа (CEB) започна да се реализира во 2024 година и до целосно завршување на сите градежни работи ќе чини околу 3 милиони евра.

Вице-гувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бочек нагласи дека преку проектот биле финансирани околу 100 училишта и згради. Овие инвестиции, како што посочи, ги подобрија условите за учење, го проширија пристапот до спортски сали и обезбедија подобра образовна средина и за учениците и за наставниците.

Реклама

-Развојната банка на Советот на Европа го поддржува образовниот сектор во Македонија речиси две децении обезбедувајќи повеќе од 60 милиони евра за училишта и содржини за физичко образование во целата земја. Целта е да се овозможи на децата подобри места за учење, за играње, да создаваат пријателства, растење и замислување на нивната иднина. Преку проектот беа финансирани околу 100 училишта и згради. Овие инвестиции ги подобрија условите за учење, го проширија пристапот до спортски сали и обезбедија подобра обгразовна средина и за учениците и за наставниците. Другите резултати се резултат на заедничката соработка помеѓу Владата на земјата, Развојната банка, што обезбеди средства во подготвителната фаза и фазата на спроведување. Драги ученици, продолжете да учите, да играте, да растете и да сочувате големо – рече Бочек.

Министерка за образование и наука, Весна Јаневска потенцира дека партнерските организации, кои искрено ја поддржуваат државата на патот кон европска интеграција, помагаат да ги унапредиме условите во училиштата.

-Тоа многу ни значи. На образованието даваме висок приоритет бидејќи е еден од темелите на развојот на секое општество и најважната инвестиција во иднината на една држава. А тој темел има повеќе компоненти. Една од нив е образовната инфраструктура. Училиштето треба да биде место во кое учениците со задоволство доаѓаат, место каде се чувствуваат сигурно, прифатено и мотивирано да учат, да се развиваат и да го достигнат својот целосен потенцијал – рече Јаневска.

Покрај инвестициите во спортски училишни капацитети, министерката Јаневска нагласи дека во изминатите две години од страна на Владата се реализирани или се во фаза на реализација уште 90 проекти во образовната инфраструктура во многу општини.

-Имаме уште многу работа. Не смееме да заборавиме ниту едно училиште и ниту една локална заедница. Ќе продолжиме да делуваме чекор по чекор, со поддршка од партнерите и со јасна цел – секое дете да има квалитетни и достоинствени услови за образование – посочи министерката Јаневска.

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас нагласи дека секогаш кога инвестираат во образованието, тие пари се апсолутно најдобро потрошени, затоа што инвестираме во нашата иднина. Потенцира дека во светот во кој живееме денес и должиме на Европа да создадеме најдобра можна инфраструктура за образование, за физичко образование.

-Тоа е од исклучителна важност и квалитетно образование. Знаеме дека кога ќе ги видиме резултатите од ПИСА тестовите, не чека уште многу работа, дури и во земјите-членки на ЕУ и затоа правиме инвестиции во проекти во образованието. Ние се обидуваме да ги максимизираме резултатите кон кои се стремиме. Сакаме да создадеме најдобри објекти во земјата и сакаме да се фокусираме на самото образовниве. Имаме заеднички план во рамките на Реформската агенда, но таа ќе почне со нова регионална стратегија за образование – рече тој.  

Рокас истакна дека нема никаков сомнеж дека ваквите инвестиции се делови од стратегија која од една страна ја приближува земјава кон Европската Унија, но она што е уште поважно ги дава сите елементи што им се потребни на учениците за да останат во земјата, да напредуваат и да го постигнат напредокот кон кој се стремат.

Италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери нагласи дека Италија смета дека проширувањето е од стратешко значење за ЕУ и сакам да бидете сигурни дека напредокот и развојот се поврзани и италијанските лидери повеќе пати јасно спомнаа дека е морален императив да продолжиме со политичкото олицирање на регионот кој географски, историски, културолошки припаѓа на Европа. 

-И токму поради тоа, ние поддржуваме и вреднуваме вакви проекти, односно ги поддржуваме инструментите во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Инвестициите, вештините во образованието, во самата инфраструктура се инвестиции во иднината на Северна Македонија во рамките на Европската Унија. Дефинитивно ќе продолжиме да подржиме вакви проекти – рече Палминтери.

Францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер ја истакна волјата на Франција да ги поддржи македонските чинители за прашањата кои тие сметаат дека им се приоритетни. Тој ја нагласи и улогата на Развојната банка на Советот на Европа што ги промовира европските вредности и поддржува образовни проекти.

-Со подобри средини за учење, ние се потсетуваме колку е важен спортот во развојот на заедницата, социјалната кохезија за образованието на нивните граѓани. Франција, исто така, го промовира спортот и неговите вредности преку спортската дипломатија. Сакам да ги спомнам вредностите кои традиционално се поврзуваат со спортот – натпревар, самоподобрување, компетентност, тимска работа, но пошироките цели како што се образование, тренинг, еднакви можности, интеграција, родова еднаквост и здравје. Треба да спомнам дека ова место е посебно за нас затоа што во оваа училиште францускиот јазик се учи како втор странски јазик – рече Ле Риголер.

Шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Сориано Ортиз нагласи дека образованието е основа на развојот на едно општество и потенцира дека нема иднина за општеството кое не успева да гарантира квалитетно образование за сите.

-Образованието не е само човеково право, туку и почетна точка за нашиот индивидуален развој и за формирање на вистинска демократска заедница. Инвестирањето во образованието е приоритет и стратешки избор. Ова ќе им овозможи на учениците и наставниците да учат да играат и да растат. Инвестирањето во образованието ќе влијае врз економскиот развој и социјалниот развој и напредок на цела Македонија. Финансирањето на образованието е инвестиција за иднината и тоа треба да биде клучна област на јавните политики – рече Ортиз.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски потенцира дека денешниот настан за него има посебно значење, затоа што денес не се отвора само реновирана спортска сала, денес покажуваме, вели, што значи кога европските вредности ќе ги претвориме во конкретно дело кое останува за следните генерации.

-Во спортот не е важно од каде доаѓаш, на кој јазик зборуваш или какво е твоето потекло. На теренот важат исти правила, таму учиме за еднаквост, дисциплина, за фер-плеј. Затоа инвестицијата во спортот е многу повеќе од инвестиција во една училишна сала, тоа е инвестиција во карактерот на нашите деца. Општина Бутел е една од општините во Македонија во кои спортот навистина има значајно место, и веруваме дека образованието и спортот мора да одат заедно, вели тој.