Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Кампања за безбеден јавен превоз на патници и ученици во Куманово

– Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Општинскиот совет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Општинскиот совет за превенција на детското престапништво при Општина Куманово, денеска спроведе кампања за безбеден сообраќај и безбеден јавен превоз на патници и ученици, информираа денеска од општина Куманово. Кампањата е насочена кон фирмите кои вршат автобуски јавен превоз на патници, со акцент на неопходноста од користење технички исправни возила и почитување на законските обврски за нивна проверка и одржување.

Од СВР Куманово  апелираа до возачите на автобуси, сопствениците на превозничките компании и сите други субјекти кои вршат меѓуградски, меѓуопштински и превоз на ученици, одговорно да се однесуваат и навреме да го отстрануваат секој, па и најмал дефект на возилата. Истовремено, ги потсетуваат на обврската за редовен технички преглед на автобусите на секои шест месеци. Воедно, надлежните апелираа  и до превозниците кои вршат меѓународен превоз на патници пред секое поаѓање да извршат детален преглед на автобусите, со цел да се обезбеди безбедноста на патниците.

Во случај на настанување сообраќајка или друг настан како последица на технички неисправно возило, при што е загрозен животот на патниците, како што посочуваат, ќе се преземаат најстроги законски санкции против возачите и сопствениците на возилата, односно правните лица.

Реклама

Целта на кампањата е унапредување на безбедноста во сообраќајот и обезбедување сигурен превоз за патниците и учениците кои ги користат услугите на кумановските превозници.