Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Над 30 отсто од криминалитетот е поврзан со сообраќајот, целосна имплементација на „Безбеден град“ до почетокот на 2027 година, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува проектот „Безбеден град“ да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува проектот „Безбеден град“ да биде имплементиран на територијата на целата држава до крајот на годината или најдоцна до почетокот на 2027 година нагласувајќи дека системот веќе функционира во повеќе градови и оти претставува важна алатка за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на жртви на патиштата.

Системот веќе е воспоставен во Скопје, Куманово, Тетово и во рамките на СВР Велес, а следни за имплементација се СВР Охрид, Струмица и Штип, а до крајот на годината и во Битола.

– Скопје, Куманово и Тетово како СВР веќе се покриени. Го пуштивме во употреба во рамките на СВР Велес, тоа се Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Велес. Наредно СВР каде што ќе биде имплементиран е СВР Охрид. Потоа следува СВР Струмица и Штип и на крајот се надевам дека во рамките на оваа година или јануари 2027 година, ќе го имплементираме и на територијата на СВР Битола. Тоа е најголемиот предизвик за нас од аспект на мрежно поврзување со централниот систем. Но, како и да е, дали до крајот на оваа година или почетокот на следната, во секој случај ќе го имаме имплементирано на територијата на цела Македонија – рече министерот во гостувањето во централниот „Дневник“ на Македонската радио-телевизија.

Реклама

Тој нагласи дека сообраќајната безбедност останува еден од најголемите предизвици имајќи предвид дека значителен дел од криминалитетот е поврзан токму со сообраќајот.

– Од вкупен криминалитет сторен оваа година, приближно 12.000 сторени кривични дела, речиси 4.000 се од делот на сообраќајот. Замислете, над 30 отсто од вкупен криминалитет се кривични дела поврзани со сообраќај. Од нив, 2.200 се безобѕирно управување моторно возило – истакна министерот.

Според него, и покрај напредокот, бројот на жртви во сообраќајот останува загрижувачки, но трендот покажува подобрување во однос на минатата година.

– Не сум задоволен со ова што сме го направиле досега. Не сум задоволен затоа што и оваа година имаме повеќе од 60 жртви. Но сме подобри од претходната и се надевам дека ако секоја година сме подобри од претходната, навистина ќе може да дојдеме до она што е и светска цел – да имаме нула жртви до 2050 година, што е и европска стратешка цел – рече Тошковски.

Во однос на честите прекршувања на правилата за користење електрични тротинети од страна на малолетници, министерот оцени дека покрај засилените контроли, клучна е и одговорноста на родителите.

– Најголем број од жртвите причинители на сообраќајни незгоди со електрични тротинети се токму малолетните лица до 17 години. Поради тоа и се одлучивме законската забрана за управување електрични тротинети да биде заклучно со 18 години. Да, Министерството за внатрешни работи, и тоа како треба поинтензивно да работи, на контролата на оние што ги управуваат електричните тротинети, но доколку родителот не му го даде електричниот тротинет на малолетникот, тој нема да го управува. Не бадијала забранивме да бидат управувани од страна на малолетници. Да, ние максимално ќе ги зајакнеме контролите, но навистина совеста на сите, особено на родителите во однос на децата, мора да проработи и, едноставно, мора да го почитуваме законот – порача Тошковски.

Министерот апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила заради сопствената безбедност, безбедноста на нивните деца и на сите учесници во сообраќајот нагласувајќи дека институциите остануваат целосно посветени на подобрување на состојбите преку мерки во рамките на проектот „Безбеден град“, унапредување на инфраструктурата и отстранување на критичните сообраќајни точки.