Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Андоновски: Иднината на дигиталните финансии е можна само со соработка, отворен дијалог и премин од идеи кон конкретни решенија

Иднината на дигиталните финансии нема да ја изградат ниту државата сама, ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иднината на дигиталните финансии нема да ја изградат ниту државата сама, ниту банките, ниту технолошкиот сектор. Потребни се соработка, отворен дијалог и, најважно, премин од идеи кон конкретни решенија – рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Finelevate Digital Summit 2026.

На самитот присуствуваа претставници на институции, финансискиот сектор, технолошки компании и стартапи, а Андоновски се обрати и потоа учествуваше на еден од панелите, посветен на дигиталниот идентитет, доверливите услуги и интероперабилноста во финансискиот сектор. 

– Кога на исто место ќе се соберат институциите, финансискиот сектор, технолошките компании и стартапите, разговорот за дигитализацијата станува многу поконкретен. Зборувавме за поврзување на системите, за безбедна размена на податоци и услуги што ќе може целосно да се завршат електронски. Ако институциите веќе располагаат со одреден податок, граѓаните и компаниите не треба повторно да го доставуваат – изјави министерот.

Реклама

Андоновски оцени дека ваквите настани се важни зашто овозможуваат заеднички да се препознаваат проблемите и можностите.