Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во населбата СРЦ во Делчево заврши изградбата на три улици

Завршија градежните работи за изградба на три улици во населбата СРЦ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршија градежните работи за изградба на три улици во населбата СРЦ во Делчево, во вкупна должина од 400 метри, информира градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

Како што посочува Гоцевски, пред изградбата на улиците во овој дел од населбата била реализирана и изградба на подземната инфраструктура, со што се создадени услови за целосно уредување на потегот.

Изградена е атмосферска канализација во должина од 538 метри, фекална канализација во должина од 165 метри и водоводна мрежа во должина од 304 метри.

Реклама

Вкупната вредност на проектот изнесува 10.204.477 денари, средства обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт. Изведувач на градежните работи е ДПТУ „ОСД Кирил“ ДООЕЛ експорт-импорт Штип.

– Со реализацијата на овој проект се реши долгогодишниот проблем со патната и другата инфраструктура во оваа делчевска населба и се создадоа услови за безбедно, функционално и модерно домување на жителите, како и современи урбани услови за развој на населбата, наведува Гоцевски.

Тој додава дека инфраструктурните проекти се дел од определбата за рамномерен развој на сите населби и делови од градот.

– Кога градиме улица, не градиме само пат – создаваме услови за подобар и поквалитетен живот. Наш приоритет е инфраструктурата да стигне до секоја населба и секој дел од Делчево, затоа што рамномерниот развој значи еднакви услови за живот за сите наши граѓани, наведува градоначалникот.

Гоцевски најавува дека во населбата СРЦ наскоро треба да започне реализација и на нови проекти финансирани од општинскиот буџет.

Од Општина Делчево посочуваат дека со продолжувањето на инфраструктурните инвестиции се очекува дополнително подобрување на условите за живеење и уредување на урбаните делови од градот.