Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Директорот на ЦУК, Али, на работни средби во седиштето на НАТО за справување со современите безбедносни предизвици

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, во својство на висок национален претставник и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, во својство на висок национален претставник и политички директор за отпорност, овие два дена учествува во работни активности во седиштето на НАТО во Брисел, посветени на јакнењето на отпорноста и подготвеноста за справување со современите безбедносни предизвици.

Како што соопштија од Центарот за управување со кризи, агендата опфаќа брифинзи, работни сесии и средби со високи претставници на земјите членки на НАТО, со фокус на актуелните безбедносни ризици, подготвеноста на институциите и размената на искуства и добри практики за поефикасно дејствување во услови на кризи.

– Ова е можност дополнително да ги унапредиме националните механизми за превенција, подготвеност и ефикасен одговор, но и да ја зајакнеме координацијата и соработката со нашите сојузници. Јакнењето на отпорноста значи јакнење на способноста на институциите и државата навремено и ефикасно да одговорат на предизвиците и да обезбедат поголема сигурност за граѓаните – стои во соопштението.