Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во првите 24 месеци од власта на ВМРО-ДПМНЕ пензиите се зголемени за 7000 денари, наспроти 540 денари кога дојдоа Заев и Филипче на власт

Во првите 24 месеци од власта на ВМРО-ДПМНЕ пензиите се зголемени за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првите 24 месеци од власта на ВМРО-ДПМНЕ пензиите се зголемени за 7000 денари, наспроти 540 денари кога дојдоа Заев и Филипче на власт, пензискиот фонд е стабилен и пензиите се исплаќаат навремено. СДСМ и Тренчевска немаат кредибилитет да говорат за пензии и пензионерите, се наведува во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

До пред само 2 години, над 200 илјади пензионери живееја со мизерни пензии под 14 илјади денари, а годишните зголемувања на пензиите беа околу 180 денари. 

Денес, со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пензионерите за помалку од 18 месеци, добија 7.000 денари повеќе на нивните сметки, односно зголемување за 325%. 

Реклама

Еве уште една споредба, првите 2 години од доаѓањето на СДСМ на власт од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари. 

7000 денари во првите 24 месеци со ВМРО-ДПМНЕ наспроти 540 денари во првите 24 месеци со СДСМ. 

Во однос на хистеријата и паниката која ја создаваат СДСМ и Тренчевска, дека примањето на пензиите е ставено под знак прашалник, имаме лоша вест за нив, а добра за граѓаните, апсолутно пензискиот фонд е стабилен, а на СДСМ и Тренчевска им е криво што денес пензионерите добиваат 7000 денари покачување, додека во нивно време истото беше 180 денари. Дополнително, пензиите ќе бидат легнати на сметките на пензионерите секој први во месецот и апсолутно нема никаква вистина во тоа дека има дупка во Буџетот, затоа што сите држави во Европа, односно Владите на земјите интервенираат во делот на пензиите и директно од Буџетот се префрлаат на пензискиот фонд. 

Но, таа економија тие секако не ја разбираат, па бадијала е да им ја објасниме како функционира. 

Тие знаат само за марихуана и тендер економија, која завршува во нивните џебови.  

Затоа се во опозиција и затоа на следните избори ќе ги снема од политичката сцена.