Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Финансиска полиција пднесе кривични пријави против пет физички лица и две правни лица за неколку кривични дела

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички лица и две правни лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“, „Измама“ „Фалсификување или уништување деловни книги“ и „Даночно затајување“.

Првопријавениот Д.К., во својство на сопственик на правен субјект од Скопје, во текот на 2022 година, со намера да прибави противправна имотна корист за себе и за правното лице, довел и одржувал во заблуда правен субјект од Република Словенија, со кој во име на правното лице склучил Договор за купопродажба на железнички пруги во вкупна вредност од 21.667.680 денари. По добиените авансни уплати од 283.310 евра, односно 17.423.564 денари, не ја испорачал договорената стока, ниту ги вратил средствата, со што на оштетениот му била причинета штета во наведениот износ.

-Со намера да го прикрие изворот и локацијата на паричните средства кои потекнуваат од кривичното дело, пријавениот Д.К., заедно со пријавениот Ф.Н., во својство на управител и овластен потписник на сметката на пријавеното правно лице, потпишале налог со кој трансферирале 16.762.410 денари од сметката на правното лице во корист на правно лице од Штип, за плаќање на фиктивна фактура за наводна набавка на пилешки нозе. Потоа, преку фиктивен договор за цесија, средствата биле префрлени на сметката на Х.Р., информират од Финансиката полиција. 

Реклама

Пријавената Ф.М., пак, како овластен сметководител, не ја евидентирала Х.Р. како нов доверител и дополнително извршила сметководствено прикривање на трансакциите, така што средствата ги евидентирала како негативни книжења на картичката на купувачот. На овој начин, со цел да се прикријат трагата и потеклото на средствата прибавени со кривично дело, пријавените ги прикриле наведените трансакции и не ги прикажале во Даночниот биланс за 2022 година.

– Д.М., како овластен потписник на сметката на пријавеното правно лице од Штип, непосредно по уплатата по фиктивната фактура, реализирала електронски налог со кој средствата ги префрлила на сметката на Х.Р., со намера да се прикрие нивното потекло и локација, од каде пријавениот Д.К., како овластено лице на сметката на Х.Р., средствата прибавени со кривично дело ги конвертирал во девизи, а потоа дел од нив ги подигнал во готово, а дел ги искористил за купување возило, појаснуваат од Управата за финансика полиција. 

Дополнително, Ф.Н., како управител на пријавеното правно лице од Скопје, во текот на 2022 година не го уплатил персоналниот данок на доход во износ од 1.885.370 денари за исплатените средства кон Х.Р., согласно договорот за цесија, а пријавената Х.Р. не го пријавила остварениот приход во Годишната даночна пријава за персонален данок на доход за 2022 година.