Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Лично убивал, но и назначувал свои луѓе, команданти кои малтретирале, тепале и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лично убивал, но и назначувал свои луѓе, команданти кои малтретирале, тепале и измачувале до смрт цивилно население на Косово. Судот во Хаг му пресуди 81 година затвор на Хашим Тачи и уште тројца негови блиски соработници, поранешни команданти на УЧК. Најголема казна заработи поранешниот косовски лидер Хашим Тачи, кој е осуден на 25 години затвор. Судот го осуди за воени злосторства направени врз Србите за време на српско-косовската војна. Поранешниот лидер на УЧК се смета и за одговорен за убиство на повеќе од 96 луѓе. За дел од нив не преземал никакви мерки за да ги спречи или казни сторителите.

„Судот те прогласува за виновен за точка 3, незаконско апсење и лишување од слобода како воено злосторство под член 14 .1.ц. и 16.1.а. Злосторства извршени најмалку против 385 лица“, изјави судијата Чарлс Смит.

Покрај Тачи, Специјалниот холандски суд ги прогласи за виновни и останатите тројца команданти на УЧК, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Красниќи доби исто години затвор колку и Тачи, 25, додека Весели доби 18, а Селими 13 години затвор. Воените злосторства кои ги извршиле осудените се случиле во периодот од април 1998 година до јуни 1999 година. Во овој период, најмалку 385 луѓе биле нелегално уапсени и притворени на места контролирани од УЧК. Меѓу приведените имало наставници, земјоделци, жени и деца, кои биле обвинети дека соработуваат со српската војска. Биле држени во нехумани услови и физички и психички малтретирани. Дел од нив и починале поради последици од тепањето, а дел од нив сè уште ги чувствуваат последиците.

Реклама

„Многу од овие жртви биле уапсени, задржани и убивани, за ни повеќе од неверификувани гласини. Врз база на тие гласини, луѓето биле третирани како шпиони и соработници на српската војска и биле насилно третирани“, изјави Судија Чарлс Смит

Одлуката на судиите во Хаг предизвика незадоволство во Приштина, каде што голем број граѓани на голем видеоекран директно го следеа судскиот процес. Се скандираа имињата на осудените, а некои и плачеа.

Четворицата команданти на УЧК сепак беа ослободени од обвинението за злосторства против човештвото. Обвинителството не успеа да докаже постоење на широко распространет напад врз цивилното население, кој вклучува прогон, затворање, нехумани дела, тортура, убиство и присилно исчезнување.

58-годишниот Тачи беше еден од водачите на УЧК во периодот 1998–1999 година. Подоцна повеќе од седум години ја извршуваше функцијата премиер на Косово, а неговата популарност дополнително порасна откако во 2008 година помогна во прогласувањето на косовската независност. Сепак, неговиот углед беше нарушен по извештајот на Советот на Европа од 2010 година, во кој беа изнесени обвинувања за поврзаност со организиран криминал и за сериозни злоупотреби извршени за време и непосредно по војната.