Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Општина Кисела Вода е единствената македонска општина дел од европскиот проект UrbanFood

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, престојува во Атина, Грција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, престојува во Атина, Грција, каде се одржува иницијалниот настан со кој официјално започнува имплементацијата на 42-месечниот проект UrbanFood, односно Одржливи лаборатории за урбани прехранбени системи. Општина Кисела Вода е единствената општина од Македонија која зема учество во овој значаен меѓународен проект.

Домаќин на настанот е Земјоделскиот факултет од Атина, раководен од проектниот координатор CERTH. UrbanFood е проект финансиран од Европската Унија преку програмата Horizon Europe, чија цел е да ги позиционира градовите и урбаните средини како активни двигатели на поздрави, поинклузивни и климатски отпорни прехранбени системи.

Преку шест Одржливи лаборатории за урбани прехранбени системи низ Европа, од кои една е токму Општина Кисела Вода, граѓаните, истражувачите, општините, малите и средни претпријатија и организациите од заедницата ќе ко-креираат и тестираат иновативни решенија. Овие решенија ќе ги поврзуваат одржливото производство на храна, граѓанското учество, дигиталните технологии и партиципативното управување.

Реклама

Во рамки на настанот, од македонска страна, заедно со партнерот АгФутура Технологии, беше извршена детална презентација за можностите и капацитетите на Општина Кисела Вода кои ќе бидат ставени во функција на успешна реализација на проектот.

Очекувањата од учеството на Општина Кисела Вода се имплементирање на најдобрите европски практики на локално ниво, позиционирајќи ја општината како лидер во иновативни еколошки решенија. Ова ќе значи директен бенефит за граѓаните преку креирање на поздрава животна средина, развој на локалната економија и зголемена партиципација на граѓаните во носењето одлуки за одржлив развој.

Проектниот конзорциум го сочинуваат вкупно 18 партнери од Грција, Данска, Обединетото Кралство, Кипар, Белгија, Полска, Франција и Македонија. Партнерите носат разновидно експертско знаење, искуство и капацитети, овозможувајќи силна меѓународна соработка и сеопфатен пристап кон реализацијата на проектните цели.