Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓорѓиевски: За десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека за десетина дена ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека за десетина дена ќе започне испораката на 3.300 нови контејнери, со кои значително ќе се унапреди системот за собирање и управување со отпадот во главниот град.

– Добив исклучително ниска цена за набавката на 3.300 контејнери, двојно поевтино од било кога во минатото – изјави Ѓорѓиевски во вчерашното гостување на „Ноќно Студио“ на 4ТВ.

Тој посочи дека со новите контејнери, заедно со новите специјализирани комунални возила, во значителна мера ќе се надмине состојбата со отпадот во Скопје и ќе се создадат подобри услови за одржување на јавната хигиена.

Реклама

Покрај новите контејнери и комунални возила, Градот Скопје наскоро ќе ги стави во функција и новите метлачки и цистерни. Нивната употреба ќе придонесе за почисти улици, булевари и јавни површини, што е од директен интерес за сите граѓани.

Ѓорѓиевски најави и иницијатива која ќе биде доставена до Советот на Град Скопје, со која се предвидува еден ден во месецот депонирањето отпад на депонијата „Дрисла“ да биде бесплатно за граѓаните.

– Со конкретни мерки и инвестиции продолжуваме да работиме на подобрување на комуналната хигиена и создавање почист и поуреден град за сите скопјани – порача градоначалникот.