Реклама

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Македонија

Македон примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд

На само 12 години, Македон е примен во престижната Програма за талентирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На само 12 години, Македон е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд – Baltimore, Maryland, USA, пишува на ФБ неговиот татко Владимир Димитровски. Тој и се заблагодарува на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, за, како што вели, нејзината човечност, разбирање и искрена поддршка за Македон. Нејзиниот придонес за остварувањето на можноста Македон да се запише на Johns Hopkins Center for Talented Youth (CTY), вели неговиот татко, е нешто што за нив има огромно значење.

-Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет. По тестирањето, Македон го доби и престижното признание „Гранд Хонорс / СЕТ“, за исклучителни резултати по математика и вербални способности. Grand Honors = највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на CTY тестирањето. SET = Study of Exceptional Talent – програма/признание на Johns Hopkins за ученици кои постигнуваат исклучително високи резултати на тестирањата, значително над очекуваното за нивната возраст. На само 11 години постигна и 1440 поени на САТ тестот – 740 по математика и 700 по читање и пишување. Зад сите овие бројки и признанија стои едно нешто – огромна љубов кон знаењето, пишува таткото на Македон.

Додава дека со повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари, Македон продолжува да учи, да сонува и да ги поместува своите граници.

Реклама

Тој упатува и јавна благодарност до министерката Сања Божиновска.

-Од срце сакаме јавно да ѝ се заблагодариме на министерката Сања Божиновска, а пред сè на човекот Сања, за нејзината човечност, разбирање и искрена поддршка за Македон. Нејзиниот придонес за остварувањето на можноста Македон да се запише на Johns Hopkins Center for Talented Youth (CTY) е нешто што за нас има огромно значење. Зад секој успех на едно дете стојат многу труд, знаење и посветеност, но понекогаш е потребен и човек кој ќе препознае талент, ќе подаде рака и ќе даде поддршка во вистинскиот момент. Ви благодариме, министерке, но пред сè – Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце, пишува Димитровски на ФБ.

Вашата поддршка, додава тој, ќе остане дел од патот на Македон кон нови знаења, нови предизвици и нови успеси.