Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Прекинато водоснабдување на дел од улиците „Владимир Комаров“ и „Бојмија“, намален притисок на булевар „Кузман Јосифовски Питу“

Поради скината водоводна цевка на улицата „Владимир Комаров“ број 20, вечерва од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради скината водоводна цевка на улицата „Владимир Комаров“ број 20, вечерва од 19:20 часот со прекинато водоснабдување се дел од корисниците на оваа и на соседната улица, додека дел се со намален притисок.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, без вода се непарните броеви од 1 до 33 од корисниците на улицата „Владимир Комаров“, како и броевите 2,4,6 и 8 од улицата „Бојмија кули“. Корисниците од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, пак, се со намален притисок во водоснабдувањето.

– Поради скината водоводна цевка Ф200мм. од страна на фирма изведувач на улица „Владимир Комаров“ бр. 20 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици „Владимир Комаров“ непарни броеви од број 1 до број 33, „Бојмија кула“ 2,4,6 и 8 и бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ со намален притисок – стои во соопштението.

Реклама

Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на работните активности за sanacija на цевката.