Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Социјалната кохезија и инклузијата во фокусот на соработката меѓу ОН и Министерството за односи меѓу заедниците

– Организацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Организацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија, со фокус на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузијата и креирањето јавни политики засновани на конкретни податоци и докази.

Како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците, ова било фокус на состанокот за соработка и размена на идеи што се одржал во канцелариите на ОН во Скопје, на кој учествувале претставничките на ОН Лаура Фиорото и Ардита Зекири, како и шефот на Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати – Шпенд Мурати и претставниците на Министерството Суеда Бајрами и Џелал Чајани.

На средбата биле разгледани можностите за поддршка на Министерството во спроведувањето на Стратегијата преку користење на истражувања, податоци и анализи како основа за креирање и спроведување поефективни политики.

Реклама

Во таа насока, како што посочуваат од Министерството, акцент бил ставен на зајакнувањето на социјалната кохезија и создавањето посилни, поинклузивни и поотпорни заедници.

Една од главните теми на разговорот била SCORE Social Cohesion Survey, кој обезбедува значајни податоци и сознанија за факторите кои влијаат врз социјалната кохезија, односите меѓу заедниците и предизвиците со кои се соочува општеството.

Од Министерството информираат дека податоците и резултатите од истражувањата треба да служат како основа за конкретни активности и јавни политики. Таквиот пристап овозможува спроведувањето на Стратегијата на Министерството да биде повеќе насочено кон реалните потреби на граѓаните, да се темели на докази и да обезбедува мерливи резултати.