Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Велковски: Ќе може да се откупат до две години работен стаж за пензија

Граѓаните кои ги исполниле старосните услови за пензионирање, но им недостасуваат до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните кои ги исполниле старосните услови за пензионирање, но им недостасуваат до 2 години работен стаж за законскиот минимум од 15 години, ќе можат сами да ги уплатат придонесите за овој период и да остварат право на пензија – изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во гостување на националната телевизија МРТ.

Право на откуп на стаж ќе имаат само оние лица кои имаат остварено минимум 13 години работен стаж, а веќе не се активни осигуреници на пазарот на трудот. Можноста ќе биде достапна за жени на возраст од над 62 и за мажи над 64 години. „Откуп на стаж се однесува и ќе се однесува само на оние коишто веќе не се денеска осигуреници, наполниле 62 години за жени и 64 години за мажи, ќе имаат право тие коишто имаат до 13 години работен стаж којшто го направиле во моментот кога ги наполниле годините на старост, значи 24 месеци да го откупат својот стаж, односно да платат за истиот“, објасни Велковски. Овие граѓани ќе треба да го подмират пензиското осигурување, а основицата за пресметка нема да биде цела, туку половина од просечната плата, и тоа за претходната година. Во практика тоа ќе изгледа вака: доколку станува збор за година во која просечната плата изнесувала 45.000 денари нето, придонесот од 19,9% ќе се пресметува на 22.500 денари, помножен по бројот на месеци што им недостигаат (а најмногу 24 месеци). Или, со стапката за пензиско осигурување од 19,9%, еден месец стаж би чинел околу 4.478 денари. За докуп на 12 месеци ќе бидат потребни околу 53.730 денари, додека максималните 24 месеци би чинеле околу 107.460 денари.