„Ќе те колам на плоштад„, „во куфер би го напикале распарченото тело„, „да го киднапираме и да му ги извадиме сите партиски органи“, смрт за новинари – навреди, вулгарности и закани го преполнија јавниот простор. Но ваквите испади на граѓаните не се случајни. Нив ги потикнува ниското ниво на политичка комуникација и црните кампањаи кои го водат различни центри на моќ, кои главно орбитираат околу опозицијата. Од жестока политичка критика, македонската политичка сцена се сведе на навреди и говор на омраза. Заканите кон премиерот кои завршија и со апсење, е само кулминација на низата етикети, навреди, дисквалификации и директни закани кои се пласираат од одредени кругови изминатиот период. Тие одат во крајност.
Најсликовит пример е за вакво насилничко однесување е новинарот Бранко Тричковски кој важи за близок до опозицијата. Тој во неколку наврати јавно повикуваше на ликвидација на претседателот на Владата по социјалните мрежи, а СДСМ не се огради од ваквите ставови. Не се само политичарите – се почесто се случува и новинари да бидат мета на морбидни закани, дури и по животот. Токму ваквиот тренд, според универзитетскиот професор Јован Кекеновски, ги поместува границите на она што треба да биде прифатливо во една демократска комуникација
- „Политичките несогласувања се сосема легитимни, меѓутоа заканата и говорот на омраза никогаш не смеат да станат дел од нормалната политичка комуникација и затоа мора да знаат сите дека јавно кажаното во политиката носи одговорност и за тоа мора да се внимава што се кажува и какви последици можат од тоа да, да се произведат. На јавната сцена не ни требаат, нам ни требаат повеќе аргументи, повеќе почит, повеќе политичка култура, а воопшто, воопшто не ни требаат вакви уцени, заканувања и вулгарни зборови со коишто се омаловажуваме како личности и не се почитуваме еден кон друг. Ние можеме, можеме да бидеме политички конкуренти, меѓутоа не смееме да бидеме непријатели“ вели универзитетскиот професор Кекеновски.
Заканите на социјалните мрежи најчесто доаѓаат од профили на соијалните мрежи кои исчезнуваат преку ноќ. Познавачите од претходно алармираа дека зад лажните имиња кои шират таков наратив, стојат бивши криминалци и убијци – лица со дебело полициско досие, што практично се покажа со заканувачот кон премиерот Мицкоски.
Ниту ТВ Алфа не изостана од етикитирањето, особено од опозициската СДСМ. Нашите колеги беа директно нападнати од опозицискиот лидер Венко Филипче, кој не пропушташе прес конференција во кои им се закануваше на новинарите дека ќе се извинувале, а на уредниците дека ќе одговарале.

