Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Битола презентирани модели за алтернативно производство на електрична енергија од сонце

Македонскиот Центар за климатски промени денеска во Битола одржа „Соларен саем“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот Центар за климатски промени денеска во Битола одржа „Соларен саем“ на кој промовира идеи за алтернативни извори за производство на електрична енергија од сонце.

Во изјава за медиумите, Филип Стојановски од Центар за климатски промени, посочи дека нивната намера е да ги запознаат граѓаните дека енергијата од сонцето може да се употреби за производство на електрична енергија. 

-Во ситуација кога секојдневно растат цените на електрична енергија, граѓаните може да станат понезависни користејќи електрична енергија произведена од сонце, односно сончеви панели. Секое домаќинство има можност дома да постави сончеви панели и да произведува сопствена електрична енергија што ќе ја користи за сопствени цели, а неискористената енергија да ја врати во системот, односно во мрежата, а ЕВН да им ја откупи. На овој начин граѓаните стануваат независни, дел од трошоците за електрична енергија се намалуваат, а индиректно и помагаат на државата. Очекуваме и државата да помогне во овој процес на осамостојување со доделување субвенции за поставување фотонапонски панели, нагласи Стојановски.

Реклама

Соларниот саем се одржа на плоштадот „Магнолија“ каде граѓаните од сите возрасти имаа можност да ги набљудуваат презентациите со алтернативно производство на електрична енергија.

-Нашите идеи може да ги користат сите граѓани. Една од нив е користењето на соларна печка која може да се користи во викендици. Соларната печка може да развие температура до 200 степени целзиусови. На граѓаните им нудиме термален сончев колектор за производство на топла вода, како и производство на електрична енергија од активен велосипед кој исто така може да генерира енергија, нагласи Стојановски.

Караванот на Центар за климатски промени со „Соларен саем“ продолжува со презентации низ македонските градови.