Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Собранието, денеска, во рамките на продолжението на 94. седница не гласаше за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието, денеска, во рамките на продолжението на 94. седница не гласаше за нов член на Судскиот совет. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информира дека материјалот е повлечен од седницата.

Изборот на член на Судскиот совет требаше да се изврши меѓу двајца кандидати, кои ги исполнуваа условите и кои го минаа филтерот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Постапката за избор на член на Судскиот совет се очекува набргу да биде повторена.  

Собранието денеска одржува продолженија на неколку седници. Во рамките на 122. пленарна седница изгласа повеќе закони, главно усогласувања со Законот за високите раководители. Од дневниот ред беше повлечен предлогот за претседател и членови на наградата „Мајка Тереза“. 

Реклама

Пратениците ги изгласаа законите за изменување на Законот за застапувањето на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, на Законот за комуналните дејности, на Законот за градењето, измени и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, измени на Законот за санитарната и здравствената инспекција и измени и дополнувања на Законот за рестриктивните мерки, сите по скратена постапка. 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги информира пратениците дека предлагачот ги повлекол предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија за 2026 година и предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија за 2026 година, кои беа на дневен ред на 73. седница. 

Работата на парламентот продолжи со 100. пленарна седница и дебата за годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025. На дневен ред на оваа седница се и посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Македонијаи на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторни избори за градоначалник на општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа – 2026 година.