Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во Пробиштип почнува реконструкцијата на ракометното игралиште, се подобрува греењето во средното училиште

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, директорот на Центарот за развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР), Трајче Здравков денеска го потпишаа договорот за реконструкцијата на ракометното игралиште и набавка на нов котел за греење во Средното општинско училиште (СОУ) „Наум Наумовски-Борче“.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тоневски истакна дека проектот опфаќа набавка и поставување на нов, резервен котел, со што ќе се обезбеди сигурна и ефикасна грејна сезона за учениците и наставниот кадар. 

-Проектот опфаќа и целосна реконструкција на ракометното игралиште со поставување на нова спортска подлога, обнова на заштитната мрежа, санација на трибините и поставување нови столчиња, како и поставување нови рефлектори. Вкупната вредност на проектот изнесува 4.679.290 денари. Најголемиот дел од средствата се обезбедени од Центарот за развој на Источниот плански регион, преку Бирото за рамномерен регионален развој, додека околу 180.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Пробиштип-вели Тоневски. 

Реклама

Изведувач на работите е „Коп Инженеринг“, а надзорот ќе го врши „Евро Консалтинг“. Директорот на Центарот за развој на ИПР, Здравков истакна дека ова е втор проект, кој што се реализира со средства од Бирото за рамномерен регионален развој.

– Веќе започнавме во Општина Пехчево со реконструкција на кровот на детската градинка. Втората активност, како што кажавме, е реконструкција на ракометното игралиште и топловодна котлара во училиштето во Пробиштип, додека во административна процедура сме и за третата активност, односно треба да се изврши и комплетна изведба на енергетска фасада во училиштето „Раде Кратовче“ во општина Кочани-изјави Здравков.