Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Скопје е домаќин на меѓурегионален состанок за европската интеграција и преговорите со ЕУ

Во Скопје денеска се одржува меѓурегионалниот состанок на главните преговарачи и високите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска се одржува меѓурегионалниот состанок на главните преговарачи и високите претставници одговорни за европска интеграција, чиј домаќин е првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. Состанокот обединува претставници од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на Европската Унија и меѓународни партнери.

Во  соопштение од Министерството за европски прашање се вели дека фокусот се иднината на проширувањето на Европската Унија, следната повеќегодишна финансиска рамка и забрзувањето на усогласувањето со законодавството на ЕУ преку поефикасна соработка меѓу владите и парламентите.

Вицепремиерот и министер за европски прашања, Сали, на меѓурегионалниот состанок нагласил дека проширувањето е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа. Тој истакнува дека посветеноста на реформите треба да биде проследена со веродостоен и предвидлив пристапен процес, во кој напредокот се оценува врз основа на заслуги.

Реклама

– Посебно внимание се посветува на постепената интеграција и можностите граѓаните и бизнисите да ги почувствуваат придобивките од приближувањето кон ЕУ уште пред членството. Во таа насока, следната повеќегодишна финансиска рамка претставува значајна можност за поддршка на реформите, зајакнување на институциите и економската конвергенција – стои во соопштението од Кабинетот на министерот за европски прашања.

Во него се посочува и дека дискусиите ја опфаќаат и улогата на парламентите во процесот на европска интеграција, потребата од рана координација при подготовката на законодавството и значењето на парламентарниот надзор за квалитетот и спроведувањето на реформите.

Состанокот има цел да ги зајакне размената на искуства и практичната соработка меѓу институциите што го водат процесот на европска интеграција, како и да утврди области за понатамошна меѓурегионална соработка. Министерот Сали изразува благодарност до учесниците и партнерите, со посебна благодарност до Амбасадата на Сојузна Република Германија и ГИЗ за поддршката во организирањето на состанокот и за континуираната поддршка на европскиот пат.